In Bulgarian In Serbian
РАИС е докажана бугарска компанија за производство на алатни машини за сечење и обработка на метал со дигитално програмско управување (CNC). „Ние се стремиме да им понудиме не само машини и опрема, туку комплетни решенија на нашите клиенти и да обезбедиме тие да добијат целосно прилагодена машина врз основа на нивните потреби и нивната задача. Во овој поглед, развивме апликација која вклучува две CNC машини, палетна станица и робот кој ги опслужува“, соопштија од РАИС за BalkanEngineer.com. И еве повеќе информации за тоа како функционира и која е намената на разработката.
Апликацијата е универзална за детали со различни димензија и должина, кои обично се типизирани. Специфичниот развој се однесува на цилиндрични детали, кои можат да бидат и многу тенки, со димензии на деталите од редот на 10-100 mm во должина и 35-90 mm во дијаметар.
„Првата машина го обработува детаљот од едната, а втората од другата страна. Роботот го става детаљот последователно во едната и во другата машини, а почетните форми се внесуваат во работната ќелија на палетната станица, која исто така ги вади готовите детали“, објаснија од РАИС.
Апликацијата има посебен систем за вадење на детаљот надвор од работната зона за контрола на димензиите на производот, а вклучена е и станица за свртување на детаљот.
„Апликација за брзо штелување на целиот систем покажува во дијалогов режим, чекор по чекор, како се реализира дополнителното штелување за обработката на друг детаљ. Врз основа на два главни параметри - должина и дијаметар на детаљот, роботот ги прави потребните пресметки за опслужување на машините“, додадоа уште од РАИС.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: РАИС