Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

РАИС ќе го претстави својот нов вертикален центар за обработка M550 и ултрапрецизен дребонгT250 на Metal Show & TIB 2024

24 april 2024

In Albanian  In Bulgarian In Romanian  In Serbian

 

Повеќе од 30 години, РАИС има репутација како водечки производител на CNC машини за обработка на метали за различни индустриски сектори, меѓу кои и производството на медицинска техника, хидраулична опрема, леарска индустрија, машиноградба итн. Оваа година, компанијата ќе биде меѓу учесниците на големиот индустриски форум Metal Show & TIB во Романија, кој ќе се одржи од 14 до 17 мај 2024 година во саемскиот центар Romexpo во Букурешт. За време на своето учество, на штандот 111, во сала Б2, РАИС ќе го демонстрира својот најнов вертикален центар за CNC обработка M550 и ултрапрецизниот CNC дребонг T250.

 

 

Вертикалниот центар за обработка со CNC RAIS M550 е наменет да врши различни операции на сечење на метал – за обработување на работни парчиња со средна големина, изведени со голема брзина на сечење и додавање. Тој нуди брза промена на алатот со помош на магазин ATS со 24 гнезда - за само 2,8 секунди. Исто така се одликува и со автоматско дување при менување на алатот, со што се обезбедува чистење на конусот на вретеното и држачот“, коментираа од фирма РАИС за BalkanEngineer.com.

 

Главни предности и карактеристики на вертикалниот центар за обработка RAIS M550:

 

 - Куќишта од сиво леано железо со оптимално ребреста основа, столб, кутија за вретено и маса;

 - Максимална цврстина и минимално свиткување под оптоварување;

 - Високопрецизни радијални аксијални лежишта (класа P4);

 - Зголемена аксијална сила на стегнување, која ги елиминира вибрациите при тешки работни услови;

 - Стабилно сечење во услови на максимално оптоварување;

 - Минимално триење при движење;

 - Висока точност и брзина, без регулирање во процесот на работа;

 - Висока точност на позиционирање и континуираност на работење;

 - Целосно затворен електричен орман со изведување на топлина, што одговара на барањата за CE заштита;

 - Ротационен контролен панел;

 - Максимален комфор при штелување и работа.

 

 

Ултрапрецизниот CNC дребонг T250 RAIS е разработен за извршување на широк опсег на дребонг операции на делови и компоненти со средни димензии во масовното производство. Тој се карактеризира со исклучително робусна и стабилна конструкција за максимална продуктивност на обработката со дребонг.

 

Главни предности и карактеристики на опремата на ултрапрецизниот CNC дребонг T250 RAIS:

 

 - Висок производствен капацитет, стабилност и брзина на сите операции со дребонг при работа со различни видови на материјали;

 - Главни куќишта излеани од висококвалитетно јаглеродно железо, без да бидат подложни на деформации;

 - Гарантирана голема брзина на сечење без вибрации;

 - Прецизни топчести завртки (класа P3) со претходно затегната двојна навртка и минимална лабавост;

 - Висока точност на позиционирањето на деталите и долг работен век;

 - Минимални температурни отстапувања и вибрации.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: RAIS

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »