Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Пумпните решенијата на Grundfos и помогнаа на болницата во Брисел да се прошири за 40% без да ја зголеми потрошувачката

12 october 2024

In Bulgarian  In Serbian

 

Во 2012 година Универзитетската болница во Брисел (UZ Brussel) разработи план да се претвори во една од најодржливите здравствени установи во Белгија. Заедно со планираното проширување на болницата од 40% во следната деценија, поставена е и амбициозната цел тоа да се оствари без зголемување на потрошувачката на енергија. „Во болницата е разработена енергетска политика, според која, кога ќе заврши проширувањето, нема да се троши повеќе енергија отколку во 2012 година. Суштински дел од неа се циркулационите пумпи Magna на Grundfos“, раскажаа за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Очекувањата на почетокот на проектот се дека медицинската установа ќе почне да заштедува околу 65.000 евра годишно од енергија откако ќе замени повеќе од 200 застарени пумпи со нови, современи решенија. „Ќе ја повратиме инвестицијата во пумпите за четири години. Некои од новите пумпи трошат и до 80% помалку енергија“, посочува Џими Ван Моер, менаџер „Енергетски системи“ во Универзитетската болница во Брисел.

 

„Тимот на Ван Моер најде неколку веќе застарени пумпи во постојниот систем за греење на болницата, а енергетски консултант од Grundfos изврши енергетска ревизија на сите пумпи во системот, а потоа предложи план за замена на 217 од нив. Пресметките покажуваат дека годишно може да се заштедат 643.000 kWh енергија, што е еднакво на 65.000 евра и 140 тони CO2. Овие бројки се доволно образложена причина за започнување на проектот. Дополнително, инсталирани се уште 100 нови пумпи на Grundfos во новата когенеративна станица и во котларата“, објаснија од Грундфос Бугарија.

За проектот, Grundfos испорачува високо ефикасни модели, меѓу кои се MAGNA3, ALPHA2, TPE, NBE и NKE, со кои се заменети 217 пумпи.

 

„Го избравме Grundfos главно поради послужувањето. Ние сме болница и треба да се грижиме за нашите пациенти 24/7. Не можеме да ја ризикуваме нивната безбедност. Важно е брзо да се решат проблемите, а Grundfos ни го обезбедува токму тоа“, коментираа уште и од UZ Brussel.

 

 

Грундфос Србија - Продаја

Адреса: Омладинских бригада 90 в 11070 Нови Београд, Србија
Телефон: +381 11 225 8740,
E-mail: zahtevi@sales.grundfos.com

Грундфос Србија - Производња

Адреса: Обилазни пут Север 21 22320 Инђија, Србија
Телефон: +381 22 367 300

 

 

 

Извори на фотографии: Grundfos

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »