Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Пумпи Wilo помагаат во одржливото наводнување во јужен Египет и независноста на земјата

11 january 2023

In Bulgarian

 

Разработена пред неколку децении, иницијативата, позната како проектот Тошка во јужен Египет, сега добива на интензитет и има за цел да ја направи земјата помалку зависна од увоз на храна. Важен дел од него е една од најголемите пумпни станици во светот - Mubarak, изградена на сушниот југозапад на Египет, помеѓу езерото Насер и оазите на либиската пустина, која транспортира до 1,2 милиони m³/h. И Wilo – лидер во технологијата за пумпање, испорачува повеќе од 300 пумпни единици за одржливо наводнување во земјата. Повеќе за големиот зафат раскажаа од подружницата на производителот - Вило.

 

 

Проектот Тошка е роден во средината на 1990-тите, со идејата да се претвори пустинска површина од околу 1 милион хектари, приближно колку територијата на Јамајка, во земјоделско земјиште. Стратешката цел е Египет да биде независен од увозот на жито и да обезбеди одржливо снабдување со храна за земјата.

 

За да се справи со овие повеќекратни предизвици, египетската влада планира да го прошири обработливото земјиште до 25%. За таа цел, на сушниот југозапад од земјата, помеѓу езерото Насер и оазите на либиската пустина, изградена е пумпната станица Мубарак, која транспортира до 1,2 милиони m³/h од езерото во каналот Шеик Зајед. Водите на Нил, кои во минатото навлегуваа во пустинскиот песок, денес со помош на бројни пумпни станици се насочуваат до посакуваната дестинација.

 

За наводнување на други 56.700 хектари земја, египетската влада се потпира на високо ефикасни пумпи кои штедат ресурси. „Очекуваната побарувачка е 5,5 милијарди m³ вода годишно, што на крајот ќе ја претвори пустината во обработливо земјиште. Тековниот удел на Египет во водата од Нил е 55,5 милијарди m³ годишно, како што е наведено во Договорот за вода од Нил од 1959 година. Затоа, само структурирано планирање и високо ефикасно користење на ресурсите ќе овозможат одржливо снабдување со вода во реонот“, коментираа од Вило.

 

 

За таа цел, Wilo испорачува повеќе од 300 пумпи со поделено тело, помагајќи да се обезбеди одржливо водоснабдување на регионот. „Со овој проект египетската држава има за цел да ја зголеми безбедноста на храната, да го зголеми извозот, да му помогне на земјоделството и да создаде илјадници работни места. Нашиот тим направи врвна работа за да гарантира дека оваа огромна задача може да се постигне“, изјави Јасер Наги, управен директор на Wilo за Блискиот Исток и Египет, кој исто така е директор на групацијата за продажба во Блискиот Исток и Азија.

 

„Покрај интензивната топлина со температури до 50 °C, пустинскиот песок претставува и вистински предизвик за изведување на проектот. Тоа е затоа што моторите може да се прегреат или да блокираат кога песокот ќе навлезе во менувачот. Затоа инженерите на Wilo разработуваат решенија со висока јачина кои можат да издржат и екстремни услови на околината. Освен тоа, пумпните станици во поединечните делови од проектот мора да бидат отпорни на песочни бури и земјотреси за да обезбедат долгорочна функционалност“, објаснија уште од Вило.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: 00359 2 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: 00389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »