Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Пумпите Grundfos ALPHA1 и ALPHA2 обезбедуваат прецизна контрола и енергетски ефикасна распределба на топлина во домот

22 march 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Romanian

 

За изградба на оптимални системи за загревање во јавни и станбени згради, инсталацијата на енергетски ефикасни пумпи е само половина од решението. Потребно е и оптимално проектирање на системите за да се искористат сите технички предности и да се намали потрошувачката на енергија. Grundfos ја нуди специјализираната серија ALPHA, која се состои од високо ефикасни циркулациони пумпи со променлива брзина, наменети за домашно греење, климатизација и топла вода. Уредите се одликуваат со нивната ефикасност, едноставен дизајн, брза и лесна инсталација и работа.

 

 

Г-ѓа Шедлер веќе 40 години живее во својата еднокатна куќа во мирна населба во Равенсбург, Германија,. Сепак, системот за греење во нејзиниот дом треба да се замени бидејќи веќе не функционира добро и често не ја загрева водата за домашна употреба. За да си ги врати комфорот и удобноста, г-ѓа Шедлер реши да инвестира во нов систем за греење со кондензација на гас со уреди со висока ефикасност.

 

Специјалисти од локална компанија за монтажа на греење и водовод и канализација го проектираат системот, потпирајќи се на сосема нова и модерна конфигурација со пумпи на Grundfos, кои се одликуваат со значително помала потрошувачка на гас. Проектот вклучува исто така и монтажа на нов резервоар за вода за пиење. За постигнувањето на оптимизирана циркулација на топла вода во домот и минимизирање на потрошувачката на енергија, компанијата ги инсталираше високоефикасните пумпи Grundfos ALPHA 1.

 

За подното загревање и радијаторите во куќата се користени циркулациони пумпи Grundfos ALPHA 2,  кои обезбедуваат прецизна контрола и енергетски ефикасна распределба на топлината во секоја соба со помош на дигиталната технологија AutoAdapt. А пумпата Grundfos COMFORT гарантира имање на топла вода во секоја чешма.

 

Циркулационата пумпа ALPHA2 се одликува со функцијата AutoAdapt, која обезбедува нејзина континуирана и автоматска конфигурација во зависност од потребите на системот, со цел постигнување на оптимален комфор и мала потрошувачка на енергија. Современиот уред е наменет не само за домашно, туку и за индустриско греење, а се одликува со својата првокласна енергетска ефикасност со индекс значително под границите на ErP директивата за еколошки дизајн на производите.

 

 

Дополнително, локалната компанија поврза на системот за греење на г-ѓа Шедлер паметен уред ALPHA Reader, кој може да ги испраќа тековните работни параметри на паметен телефон преку апликацијата Grundfos GO. Така, техничарите имаат можност да вршат хидраулична рамнотежа на системот во реално време и од далечина.

 

Адреса: Sofia 1592, Sllatina District, 100 "East Tangenta" Rr.

Телефон: +359 2 492 2200

Е-пошта: bulgaria@grundfos.bg 

 

 

Извор на фотографии: Grundfos

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »