Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас од Унисист Инженеринг

24 february 2020

In Serbian

 

Докажаната бугарска компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката и производството на уреди и системи за автоматизација нуди работни решенија за гасни компании преку кои тие можат ефикасно да ги следат нивните активности. Компанијата ги има следниве професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас - мерачи на потрошувачка со стандардни коректори со комуникатори, само мерачи на потрошувачка со комуникатори или специјализирани уреди кои се поврзани со соодветниот комуникатор. „Информациите од комуникаторите периодично доаѓаат во базата на податоци. Пристапот до информациите и управувањето со базата на податоци се врши преку веб -интерфејс“, објаснија од компанијата за Инженер.bg.

 

 

Податоците од мерните уреди се собираат, обработуваат и се пренесуваат преку специјализираните уреди што ги нуди Унисист Инженеринг. Компанијата ги нуди следниве конфигурации:

 

Комуникатор тип CF800X

 

CF800 е уред за собирање на податоци од уреди за корекција на волумен на гас. Уредот се нуди во две модификации - CF800-A, кој послужува коректори со сериски излез и CF800-B, кој може да работи со до четири уреди за корекција на гас.

 

Коректор тип CF500XXX

 

Коректорот CF500XXX ги обединува функциите на коректор за природен гас и комуникатор во системот UDS. Тоа е уред за корекција на волумен на гас тип 1, кој може да се конфигурира како T, PT или PTZ коректор.

 

Специјализиран уред CF850

 

Уредот CF850 е специјализиран за собирање и пренесување на податоци за достапните, натоварените или истоварените волумени во приколки за транспорт на природен гас. CF850 е опремен со GPS за лоцирање на географската положба на приколката.

 

Системот UDS за далечинско отчитување обезбедува континуиран пристап до податоците во реално време од мрежата за пренос на гас. Базата на податоци обезбедува долгорочно чување на сите податоци за минати периоди.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2/886 05 62, +359 2/975 12 36

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалУнисист Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »