Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Под мотото „Join the Ecolution“, Wilo ги прикажа своите најактуелни одржливи решенија за пренос и третман на вода на IFAT 2024

28 june 2024

In Serbian In Bulgarian  In Albanian

 

Овогодинешното издание на водечкиот меѓународен трговски саем за управување со вода, канализациски системи, отпад и суровини IFAT се одржа од 13 до 17 мај во Минхен, Германија, при што беа пречекани преку 142.000 посетители од речиси 170 земји од целиот свет. Традиционално место на саемот најде и лидерот во развојот и производството на пумпни и водни технологии Wilo Group, кој своето учество го одржа под мотото „Приклучи и се на еколуцијата“(Join the ecolution).

 

 

„Секторот за управување со води се соочува со големи предизвици на глобално ниво, кои одат рака под рака со мегатрендовите за недостиг на енергија и вода. Во врска со тоа, општеството и индустријата имаат потреба од одговори кои ја чуваат животната средина и економски одржливи одговори на зголемените трошоци за енергија, екстремните климатски услови и сè повисоките барања за третман на отпадните води“, коментира Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group, по повод учеството на компанијата на IFAT.

 

„Како мултинационална технолошка групација, упатуваме конкретен повик до целата индустрија, користејќи го терминот „ecolution“ за да ја опишеме трансформација и нашето активно учество во создавањето на поодржлива иднина. Водата е најважниот и егзистенцијален ресурс во светот, а пристапот до чиста вода е човеково право признаено од Обединетите нации со добра причина. Производите, системите и решенијата изложени од Wilo на IFAT се израз на нашата амбиција значително да го подобриме пристапот до овој ресурс на светско ниво“, објаснија од Вило България.

 

 

И еве ги главните акценти презентирани од компанијата:

 

 - Wilo-Actun ZETOS: Со ефикасност до 86%, оваа пумпа за испумпување на сурова вода од длабоки бунари поставува стандарди за ефикасно водоснабдување;

 - Wilo-Rexa SOLID-Q: Пумпа за отпадна вода што го намалува непланираното време на застој преку нејзината високо ефикасна хидраулика и својства за самочистење што ја чуваат од често затнување. Моделот исто така поседува и интегриран Nexos Intelligence за контрола и оптимизација;

 - Одржливи и ефикасни производствени решенија за ефикасно отстранување на микрозагадувачите и обезбедување на оптимален квалитет на водата, како и дигитализирани сервисни решенија за долгорочно работење.

 

Испорачувачот на еколошки технологии Abionik, дел од Wilo Group исто така зема учество на трговскиот саем со свој штанд.

 

„Повеќе од 600 специјалисти од 31 земја учествуваа во обиколката на штандот на Wilo Освен тоа, ја добивме и наградата „Go Green Pioneer“, доделена од организаторите на IFAT, за нашите напори во областа на одржливоста“, соопштија уште од Вило Бугарија.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo Group

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »