In Bulgarian.
Емиратот Катар е мала држава чија територија речиси целосно се зазема од сува карпеста пустина. Лоцирана врз едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот, земјата е една од најбрзорастечките економии во светот и привлечен центар за моќни странски инвеститори. Меѓу нив е една од најголемите енергетски компании во светот - Shell. Токму во пустината на Катар, на 80 километри северно од главниот град Доха, од крајот на 2012 година својата целосна моќност отвора голем проект развиен од Shell - фабрика за производство на базни масла од природен гас.
Технологијата „течности од гас“ на Shell
Производство на базни масла во фабриката Pearl GTL во Катар се базира на иновативна технологија развиена од Shell – „течности од гас“ (GTL - Gas To Liquid). „Технологијата се користи за базни масла кои служат како основа за производство на голем дел од синтетичките масла Shell. Таа успешно ја заменува масовно користената во индустријата нафта“, коментираат за BalkanEngineer.com од фирма Орбико која ја нуди палетата на производи на Shell Lubricants на македонскиот пазар.
Технологијата за синтеза на течности од природен гас обезбедува поеколошки чисто производство. „Но нејзиниот најголем успех се состои и во постигнување на повисок квалитет и стабилна цена на маслата Shell што директно се рефлектира врз крајниот корисник секаде во светот“, коментираат од Орбико. Оваа технологија овозможува во Pearl GTL да се спроведуваат едни од најголемите и во исто време безбедни и сигурни процеси за обработка на гас во светот.
Дневно фабриката преработува околу 1,6 милијарди m³ гас
Капацитетите за добивање се наоѓаат внатре во морето и вклучуваат 22 бушотини, 2 автоматизирани платформи за дупчење и два 30-инчни гасоводи на 60 km од брегот. На копно гасот од сондите се прочистува, по што започнува екстракцијата на течности. Такви течности се течниот природен гас за домаќинствата и кондензатите кои служат како суровина за рафинериите. Како нуспроизвод се добива и сулфур. Чистиот гас или метанот, кој останува по овие процеси, оди директно кон GTL секторот на фабриката каде се меша со кислород и преминува во состојба потребна за неговото учество во трифазен процес кој го претходи готовиот производ - базните масла Shell.
Адреса: Македонија, Скопје 1000, ул. Борис Трајковски бр. 286
Телефон: 00389 2 2 792 810
Факс: 00389 2 2 792 515
Е-mail: contact@orbico.com.mk
Извор на фотографии: Орбико