Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Опрема на Oventrop е вградена во зградата на поранешната Империска Пошта во Берлин, Германија

03 august 2020

In Bulgarian

 

Убава, старинска, прогласена за историски споменик, зградата на поранешната Империска пошта на улицата „Oranienburger“ е важен дел од центарот на Берлин. Од 2012 година, зградата е во сопственост на производителот на медицинска технологија Biotronik. „За време на модернизацијата помеѓу 2016 и 2018 година во старата зграда на поштата беше воведена модерна технологија за греење и производство на топла вода за домаќинство на Oventrop“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската канцеларија на меѓународниот производител на контролни вентили и системи за греење и климатизација.

 

 

Денес, Империската пошта служи како центар за демонстрација и место за одржување на предавања, курсеви за обука и презентации на меѓународната групација Biotronik, специјализирана за развој на производи во областа на кардиологијата. Во двете крила на трикатната зграда се создадени и нови канцеларии за вработените.

 

„Освен 255 Uni SH термостати, во неа се инсталирани 27 термостати pinox за ефективна контрола на собната температура. Термостатот pinox е специјално проектиран од Oventrop за регистри за бања и го следи дизајнот на модерни славини за мешање со единичен лост. Во зградата се монтирани и двојно регулирачки и стартни вентили од серијата Hydrocontrol, кои служат за да се постигне хидраулична рамнотежа помеѓу одделните цевководни вертикали“, посочија од Oventrop. Покрај тоа, монтирани се диференцијални регулатори на притисок Hydromat, кои се пропорционални регулатори кои работат без помошна енергија, создадени да одржуваат постојан диференцијален притисок.

 

Инсталирани се и циркулациони цевки за да се избегне застој на водата во цевководот и да се спречи развојот на Легионела. А работата на циркулационото коло исто е обезбедена од станиците Regumaq XZ-30. „Монтирани се термостатски вентили Aquastrom VT, кои гарантираат оптимално функционирање на цевките“, објаснија од бугарската компанија.

 

Oventrop GmbH & Co. KG

Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија

Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg


Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

  

Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG, Овентроп

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »