Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Од кота 0 до топ 3 на европските производители на бојлери, или колку долг е патот на Теси во последните 30 години

07 january 2024

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Точно 30 години и беа потребни на производствената компанија Теси да ги искачи скалите од кота 0 до лидерска позиција во Европа во областа на разработката на бојлери. Основана во 1993 година, компанијата ја одбележа својата годишнина во јуни со голема прослава, како и ексклузивни вести во врска со планирано проширување на палетата на производи и инвестиција во нова производствена зграда. Но, што вклучува досегашниот пат на Теси, кои се главните моменти во развојот на компанијата и како се освојуваат светските пазари, погледнете во следните редови.

 

 

Теси е дел од семејната компанија Фикосота Холдинг, основана од браќата Жечко и Красен Ќуркчиеви во 1993 година, а брендот се роди следната година со основањето на фирма Термо систем. „Првиот бојлер со брендот Tesy е изработен во 1997 година. Тогаш беа создадени и првите странски претставништва - во Москва и Киев, а компанијата учествуваше на меѓународен трговски саем во Келн, Германија. Во следните години, Теси започна со продажба во Азија и Европа, при што најактивно навлегува на пазарите во Полска, Литванија, Ирска, Тајван, Босна и Херцеговина и Либија“, раскажаа од компанијата.

 

Во 2002 година, Теси го создаде својот прв патент, а следната деценија беше обележана со динамичен технолошки напредок, вклучително:

 

-2003 година: Започнато производство на вентилаторски уреди за греење;

-2005 година: Воведува плазма заварување во производството на бојлери;

-2006 година: Започнува производство на компактни електрични бојлери;

-2007 година: Произведен е првиот конвектор на компанијата;

-2009 година: Започнува производството на првите високоволуменски бојлери;

-2013 година: Пронајдена е технологијата Insutech, која го елиминира топлинскиот мост кај електричните бојлери;

-2013 година: Разработена и патентирана е првата млазница PISTON, која управува со мешањето топла и ладна вода и на тој начин обезбедува до 15% повеќе топла вода;

-2014 година: Теси го произведува првиот во Европа конвектор со облачно управување преку мобилната апликација TESYCloud.

 

Во 2016 година производствениот капацитет на фабриката за електрични бојлери достигна 1.200.000 апарати годишно, а следната година факт беше првиот бојлер со интернет управување, брзо следен и од повеќе други.

„Во 2021 година ги реализиравме првите конвектори со патентираната технологија AirSafe за воздух со 98% помалку вируси и бактерии. Пронајдокот уништува вируси, бактерии и габи во воздухот и обезбедува побезбедна домашна средина со поголема удобност и поздрава атмосфера“, објаснија од компанијата.

 

 

Во изминатата 2023 година, фирмата најави изградба на својата нова петта по ред фабрика и започна со производство на термодинамичкиот бојлер за ѕидна монтажа AquaThermica Compact и топлинската пумпа за греење, ладење и топла вода за домаќинство MultiThermica.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: +359 2 902 6666 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: +359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »