Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Од високопланинска висорамнина до пустините на Блискиот Исток – пумпните технологии на Wilo функционираат без грешка

03 april 2024

 In Bulgarian In Albanian

 

 

 

Во последниве години, одржливото управување со водните ресурси е главен фокус за технолошките лидери во областа на водоснабдувањето и канализацијата. Местото на долгогодишниот производител на пумпи и пумпни технологии Wilo Group е несомнено меѓу авангардата во овој поглед, а еден од основните приоритети на компанијата е решавањето на проблемите со недостигот на вода дури и таму каде што тоа се јавува предизвик.

 

 

Сместен во североисточниот дел на Египет, Al Galala е урбанистички проект реализиран на највисокото планинско плато во зоната на Црвеното Море, на височина од 650 метри надморска височина (во нејзиниот највисок дел). Градот е главна компонента на стратешката иницијатива на владата насочена кон култивирање и усвојување на неплодната огромна пустинска земја во оваа област. Целта е да се олесни пренаселениот главен град Каиро со охрабрување на младите луѓе и инвестициите кон новоразработените делови од земјата. Проектот одржува рамнотежа помеѓу развојот на регионот и зачувувањето на природата, а пумпните технологии Wilo-SCP и Wilo-EMU KS целосно работат во оваа насока.

 

Друг проект, овој пат во срцето на Европа – градот Прага се реализира во знакот на енергетската ефикасност. Овде, технологиите на Wilo им помагаат на градските власти во нивните напори да се заштеди енергија во одредени згради за минимум 12%. Конкретната цел е заштедата на 37.615 тони јаглеродни емисии.. Модел за овој пристап демонстрира општинската зграда Obecní dům, во која со модернизацијата на технологиите се намалуваат многу трошоците за греење и топла вода. „Изборот е направен со оглед на иновативната функција Dynamic Adapt Plus, преку која се гарантираат дополнителни заштеди во споредба со други современи модели на пумпи. Преку испораката на Wilo-Stratos MAXO, Wilo-Stratos MAXO-Z и Wilo-Stratos GIGA-D се постигнуваат конкретните проектни цели во однос на енергетската ефикасност“, објаснија од водечката компанија.

 

 

Особено визуелно импресивен проект со опрема на Wilo „ѕирка“ од друг дел на светот - операта во Дубаи на булеварот „Шеик Мохамед Бин Рашид“ во Обединетите Арапски Емирати. Иконската зграда се смета за една од културните и архитектонските знаменитости на Дубаи, а концертната сала со капацитет од 2.000 лица обезбедува сцена за прикажување од меѓународна големина. „Топлата клима во Емиратите претставува сериозен предизвик за управувањето со микроклимата, снабдувањето со чиста вода за пиење и друго. Wilo-Helix V и Wilo-Multivert MVI се инсталирани во зградата, со оглед на оптимизираната ефикасност на овие модели, робусната изработка и употребените соодветни материјали погодни за целите на проектот“, додадоа уште од Wilo.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +359 2 312 2058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 20 5297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo Group, canva.com obecnidum.cz, timeoutdubai.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »