Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Обезбедете трајна заштита на вашите објекти брзо, лесно и сигурно - со безжичните системи за сигнализација и безбедност

18 september 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

За обезбедување на сигурност и заштита на куќа, стан, канцеларија или продавница, безжичните системи со право се прифатени како докажано добро решение за мали безбедносни инсталации во помали објекти. „Потпирајќи се на својата професионалност, знаење, вештини и искуство акумулирано во последните 3 децении во областа на безбедносните системи за аларм и противпожарна заштита, докажаниот производител Телетек Електроникс разви сопствена палета на сигурни и ефикасни безжични панели и уреди. Тие докажано ги покриваат потребите на секој корисник со високо ниво на заштита, со минимални трошоци за инсталација, без потреба од дополнителни кабли и монтажа на жици“, информираа од компанијата.

 

 

BRAVO Next е безжичен алармен и безбедносен систем проектиран за брза монтажа, чија целосна инсталација и штелување трае не повеќе од 30 минути. Преку панелната тастатура на програмскиот софтвер ProsTE, инсталатерот има можност лесно и без проблем да ја проширува конфигурацијата со дополнителни безжични модули.

 

„Безжичниот систем поддржува работа со безжични уреди од серијата PAX, кои имаат подобрена функционалност и модерен дизајн. Комуникацијата помеѓу панелот и уредите се одвива благодарение на протоколот за комуникација Beacon+ и е сигурна, стабилна и брза, целосно исполнувајќи ги барањата на европскиот стандард EN50131 и на директивата RED за радио опрема“, објаснија од Телетек Електроникс.

 

 

Протоколот поддржува работа со 6 резервни радио канали, што ја гарантира сигурноста на BRAVO Next. Така, во случај на заглушување на сигналот на еден канал, за да не се прекине комуникацијата со уредите, системот автоматски се префрла на работа на друг канал. „Комуникацијата помеѓу уредите и панелот овозможува проширување на работниот опсег на отворени простори до импресивните 1500 метри. Протоколот Beacon+ не само што е брз и моќен при работа, туку и енергетски ефикасен, бидејќи го продолжува животниот век на батеријата до 8 години кај некои уреди“, нагласија експертите на компанијата.

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Teletek Electronics, Canva

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »