Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Новиот модел на електричен бојлер со рамна силуета BelliSlimo Lite од Tesy – уметничко дело во секоја бања

12 january 2023

In Bulgarian  In Romanian  In Serbian

 

Дали иновациите, технологијата и дизајнот на производот се ваша страст? Придружете му се на тимот на Теси!

 

BelliSlimo Lite е најновиот производ од серијата електрични бојлери BelliSlimo од докажаниот производител Теси. „Со нов дизајн и со својата исклучително елегантна рамна силуета, новиот бојлер од брендот Tesy може да го задоволи секој вкус и е етаблиран како најпосакувано решение за потрошувачите“, коментираа од компанијата. Моделот беше меѓу главните акценти на презентацијата на Теси на престижниот саем MCE (Mostra Convegno Expocomfort) во Милано, Италија во 2022 година, а ние ќе ви раскажеме повеќе поединости за производот во следните редови.

 

 

Новата производна линија вклучува две варијанти: BelliSlimo Lite 50 (со волумен од 50 литри и нето волумен од 40 литри) и BelliSlimo Lite 80 (со волумен од 80 литри и нето волумен од литри). Моќноста на уредите е 1200 W, при што и двата модели имаат по два резервоари за вода и се реверзибилни, т.е. може да се монтираат како хоризонтално, така и вертикално.

 

Во конструирањето и производството на новите модели на бојлери Теси користи сопствени иновативни решенија и свои докажани технологии, кои гарантираат удобност во производството на топла вода за домаќинство и истовремено, висока енергетска ефикасност. Еве кои се тие:

 

- ECO Smart режим: Интелигентен режим кој сам се обучува и обезбедува до 18% заштеда на енергија неделно;

- INSUTECH: Технолошко решение за високо ефикасна изолација;

- Прекинат топлински мост: Врската помеѓу резервоарот за вода и монтажната плоча е прекината, што обезбедува до 16% помали загуби на енергија;

- Crystal Tech: емајлирана обвивка на резервоарите за вода за поголема цврстина и подобра отпорност.

 

 

„Како и сите други бојлери од брендот Tesy, нашите нови модели имаат и хигиенски сертификат за чиста вода за пиење. Освен тоа, нивната монтажа е исклучително лесна, а управувањето се врши преку контролен панел на допир. Со својот елегантен изглед, BelliSlimo Lite обезбедува уметничко дело во секоја бања“, посочија уште од компанијата производител.

 

Водечките позиции на пазарот, стремежот за развој и иновации, како и грижата за тимот на компанијата, го праватТеси посакуван работодавач за етаблирани професионалци и млади специјалисти.

 

Доколку сакате да се развивате и во меѓународно докажана компанија која континуирано инвестира во техничко усовршување на своите производи, проверете ги слободните работни места во Теси со посета на микространицата на BalkanEngineer.com!

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: 00 359 2 902 66 66 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: 00 359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »