In Bulgarian In Romanian In Serbian
Роботизираните системи од мбрендот Kiberys се специјално разработени и произведени за плазма и гас- кислородно нормално и наклонето сечење. Тие се погодни како за листови од лим, така и за правоаголни цевки и профили. Роботизираните системи за заварување на компанијата, опремени со извори за напојувања од најсовремена генерација, обезбедуваат висока ефикасност на процесот на заварување дури и кај масивни конструкции, цевки, резервоари, носечки греди на кранови, полуприколки и многу други.
За време на меѓународниот технички форум MachTech & InnoTech 2021, Киберис демонстрираше една од своите иновации - машина за роботизирано сечење на профили од различни типови и пресеци, како што се двоен Т-профил, П-профил, винкла, тркалезни цевки, правоаголни цевки и други специфични профили. „Машината е опремена со специјален модул кој овозможува обработка со сечење од четири страни. Специјализираната глава е наш сопствен развој со заштитен европски и светски патент без аналог меѓу другите производители“, информираа за BalkanEngineer.com од Киберис ДОО, сопствен бренд на водечкиот системски интегратор на висококвалитетна опрема и системи за заварување и обработка на метали Кимекс.
Можноста за обработка на четири страни значи дека деталите можат да се обработуваат и одоздола, што понекогаш е проблематично кај роботизираните решенија поради нивната кинематика. „Тешкотијата во голема мера е предизвикана од потребната траекторија на алатката или големината на работното парче. За разлика од повеќето машини за обработка на цевки, роботизираната машина од брендот Kiberys не бара ротација на детаљот. Тој се додава по неговата долга оска без ротација, а главата го обиколува од сите страни“, објаснија од Киберис.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: BalkanEngineer.com