Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мултиинженеринг: Дознајте како изгледа иднината на производството со нашите автоматизирани технолошки линии

14 january 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Albanian

 

Целосно трансформирана од влијанието на технолошкиот напредок, индустријата се поуверено се движи кон одржлива иднина. Паметните фабрики, поврзаните машини, автоматизираните и роботизирани решенија и сите современи технологии интегрирани со нив го туркаат светот кон целосна дигитална трансформација. Во прехранбената и лесната индустрија, на пример, автоматизацијата е клучна за оптимизација на производствените процеси, што доведува до подобра ефикасност, намалување на отпадот и повисок квалитет на производите. Во индустријата за рециклирање, автоматизираните системи за сортирање ја зголемуваат ефикасноста на операциите за обработка и повторната употреба на материјали.

 

 

„Со користење на роботизирани системи, овие гранки можат да ја зголемат продуктивноста, а истовремено со тоа  да создадат почиста производствена средина, да ја намалат употребата на ресурси и да ја подобрат одржливоста на нивните процеси“, коментираа од водечката инженеринг компанија Мултиинженеринг, специјализирана во разработката на транспортери, автоматизирани производствени линии и нестандардна опрема.

 

Применлива за бизниси од сите големини, автоматизацијата значи заштеда на време, пари и поголема конкурентност. Еве што друго добиваат производителите од неа:

 

- Целосна видливост на производството во реално време

 

„Автоматизацијата ги трансформира како старите, така и новите инфраструктури во еден флексибилен систем, обезбедувајќи реална слика во реално време за сè што се случува во вашето производство“, објаснија специјалистите на компанијата.

 

- Континуиран производствен процес

 

„Оптимизацијата на машините ви дава можност да ги отстранувате создадените проблематичните ситуации или дефекти без да го прекинувате работниот процес. Тоа значи помали загуби од застојот и стопирањето на производството и поголем волумен на производство“, изјавија уште тие.

 

 

-Помалку искористени ресурси

 

„Во услови на глобалните предизвици, автоматизацијата помага за оптимално искористување на расположливите ресурси и човечкиот капитал без компромиси во квалитетот“, категорични се од компанијата.

Автоматизираните технолошки линии што ги изработува Мултиинженеринг обезбедуваат автоматски механизам на сите главни и помошни операции и континуирани производствени процеси. „Произведените од нас технолошките линии се користат во индустријата за преработка на жито и пакувањето. Изработивме бројни компоненти за вградување во технолошки линии за преработката на месо, печатењето, флаширањето, козметичкиот, фармацевтскиот и многу други индустриски сектори. Долгогодишното искуство, висококвалификуваниот тим и високотехнолошката опрема ни овозможуваат конструирањето на висококвалитетни и сигурни машини, целосно усогласени со барањата на конкретното производство“, објаснија од компанијата.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359 89 852 3739  

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 88 837 2116 

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Повеќе информации за ЕТ Мултиинженеринг слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мултиинженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »