In Bulgarian.
Shell Lubricants помогна за решавање на сериозни технички проблеми на уште една производствена компанија, која има проблеми со изборот на оптимални мазива за својата опрема, соопштија за BalkanEngineer.com од фирмата Орбико која нуди производи за подмачкување на Shell Lubricants на македонскиот пазар. Компанијата, чија производствена активност била отежната со користењето на несоодветни масла е Шангајската корпорација која развива активност во областа на железарниците - Baosteel Group.
Проблемот настанува со машината за валање со висока брзина во фабриката, кога квалитетите на средството за подмачкување се влошуваат и оладената вода продира низ дихтунгот во еден од сегментите за валање. Како резултат на тоа филтрите често блокираат, што доведува до намалување на нивниот работен век, како и до влошување на работните квалитети на маслото. Заедно со тоа лежиштата на машината за валање често се расипуваат и мора да се менуваат по два пати годишно.
Во сегашнава ситуација Baosteel им се обрати на експертите на Shell Lubricants кои ја посетуваат фабриката и истражуваат примероци од маслото што го користат Baosteel. Утврдено е дека овој вид на средство за подмачкување воопшто не соодветствува на потребите на компанијата. Техничкиот тим на Shell Lubricants наоѓа решение и за ограничување на пристапот на вода до машината со користење на соодветни дихтунзи и подобрено одржување на опремата. „Инженерите од железарницата по извршена анализа го избираат Shell Morlina S2 BA 100. Тие исто така го користат системот за анализа на Shell - Shell LubeAnalyst, кој им овозможува да ја набљудуваат моменталната состојба на маслото“, појаснуваат од Орбико.
По замената на маслото со производот на Shell, Шангајскиот производител го решава проблемот со појавата на оштетувања на лежиштата и последователните технолошки паузи, зголемувајќи го работниот век на маслото, што доведува до намалување на неговата потрошувачка со 20%.
Извор на фотографии: Орбико; Shell Lubricants