In Bulgarian In Serbian
Создајте технички иновации во белата техника со тимот на компанијата од докажани професионалци. Најдете ја вашата работа од соништата во Liebherr.
Во статијата „Дали знаеме како да го чуваме виното за да ја „откриеме вистината“ во него? Погледнете ги советите на Либхер-Хаусгерете Марица“. Ви кажавме како на квалитетот и долгото траење на виното влијае температурата и на кои степени е најдобро да се чува шише вино за да се сочува подолго време. Денеска ја продолжуваме темата, при што овој пат ќе обрнеме поспецијално внимание на светлината како фактор кој исто така влијае на тоа, колку долго ќе трае виното во шишето кое внимателно сме го оставиле на чување. Ќе ви споделиме уште и за предностите што ги нудат ладилниците за вино на еден од лидерите во производството на бела техника - Либхер-Хаусгерете Марица, дел од концернот Liebherr.
Познато е верувањето дека виното може да ги подобри своите квалитети по однос на вкусот со подолго стареење - 1, 2, 5 години, дури и децении. Сепак, ова не важи за секое вино. Всушност, повеќето вина треба да се консумираат во рок од една или две години од нивното производство. Дури и во овој случај, сепак, неопходно е да се чуваат под одредени услови.
„Покрај температурата, светлината е вториот главен фактор што одредува колку долго ќе трае едно шише вино. Може брзо да ги изгуби своите квалитети само заради досегот на сончевите зраци. Затоа, потребно е да се чува на ладно и темно место, бидејќи под влијание на светлината значително се менува, и тоа за релативно краток временски период“, раскажаа од Либхер-Хаусгерете Марица.
„Од друга страна, употребата на обоени стаклени шишиња, кои можеме да ги наречеме „очила за сонце“ за вино, може сериозно да помогне да се намали констатираниот негативен ефект. Секако, треба да се има предвид дека дури и ако е заштитено во своето шише во боја, со интензивна и долготрајна изложеност на светлина, нејзиното негативно влијание врз виното сепак ќе се покаже. Затоа, како што посочивме погоре, најдобро е виното да се чува на ладно и темно место“, коментираа уште технолозите.
Една таква опција се уредите за темперирање на вино од брендот Liebherr. Освен што оддржуваат соодветна температура, тие се опремени со UV-заштитно стакло на вратите. Имено благодарение на UV-облогата на стаклената врата, внатрешниот простор е заштитен од навлегување на сончеви зраци.
Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица
Телефон: 00 359 32/615 414
Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Либхер-Хаусгерете Марица