Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Коректори на природен гас од нова генерација, производство на Унисист Инженеринг

27 july 2020

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Бугарската компанија Унисист Инженеринг е специјализирана за развој и производство на уреди и системи за автоматизација засновани на модерна база на елементи и употреба на современи технологии. Богатото портфолио на компанијата вклучува различни модели на коректори за природен гас. „Корективните уреди што ги развиваме се наменети за корекција на потрошувачката на природен гас според температура, притисок и состав на гасот. Производите што ги нудиме се или од одобрен тип или со оценета сообразност според Директива 2004/22/EC“, објаснија специјалистите од компанијата за BalkanEngineer.com.

 

Коректор на природен гас CF500 со вграден GSM

 

CF500 е нова генерација на коректори на природен гас со можност за комуникација со други уреди и пренесување на податоци преку портови RS485 или GSM. Тоа е уред за прилагодување на волуменот на гас тип 1 кој може да се конфигурира како коректор T, PT или PTZ. CF500 го пресметува волуменот на гасот при основни услови, врз основа на волуменот во услови на мерење, температурата, притисокот и составот на гасот.

 

Коректор на природен гас CF600G

 

Коректорот CF600G6 е наменет за коригирање на потрошувачката на природен гас мерена со разни трансмитери за потрошувачка, со извршување на автоматска PTZ корекција на температура, притисок и состав на гасот. За поврзување на трансмитерите за притисок или температура, како и за директно поврзување на термички отпорници, коректорот користи аналогни влезови со внатрешно напојување.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2/886 05 62, +359 2/975 12 36

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалУнисист Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »