Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Копчето за паника на ЕТА-СИС преку мобилна мрежа поседува напојување од акумулаторска батерија и далечински управувач и обезбеду

17 september 2024

In Bulgarian In Serbian  In Albanian

 

Дома, на работно место или во јавна зграда – безбедноста е од најголемо значење, особено при ризични ситуации како што се провала или, уште полошо, напад. Поради оваа причина, системите за безбедност, аларма и известување се повеќе се усовршуваат за да гарантираат сигурна заштита со оптимизирани карактеристики, дизајн и употреба. Во врска со ова, етаблираната компанија ЕТА-СИС, специјализирана за системи за известување, разработи копче за паника преку мобилна мрежа со сопствено (акумулаторско) напојување и далечински управувач (ДУ) без антена.

 

 

„Овој производ е погоден за широк спектар на примена, вклучително индустриски претпријатија, земјоделство, приватен бизнис и друго. Едноставниот дизајн на копчето, поедноставената употреба и сигурната функционалност го гарантираат високото ниво на безбедност што им е потребно на нашите клиенти“, коментираа од фирмата за BalkanEngineer.com.

„Копчето за паника преку мобилна мрежа со сопствено напојување и далечински управувач се користи во продавници, канцеларии, угостителски објекти, заложни куќи, менувачници, оддалечени куќи, викендички, планинарски домови итн., или со други зборови, секаде каде што постои опасност од напад на луѓето. Една од најголемите предности на оваа инвестиција е што практично ја елиминира потребата од алармен систем, бидејќи уредот се напојува самостојно“, информираа специјалистите од ЕТА-СИС.

 

Со копчето за паника преку мобилна мрежа од ЕТА-СИС, при појава на опасност, загрозените лица не мора да ја напуштаат локацијата, ризикувајќи го своето здравје и живот. Потребно е само да го притиснат копчето на преносливиот далечински управувач, кој е со големина за во џеб. „Важно е да се прецизира дека за да функционира системот, далечинскиот управувач сепак треба да биде во опсегот на RF приемникот за да се активира. Тој се наоѓа во кутијата со бирачот на мобилна мрежа, чиј опсег во затворени простории е круг со радиус од 40-50 метри“, објаснија од тимот на производителот.

 

 

Адреса: „ЕТА-СИС“ ДОО, град Варна 9000, ул. „Капетан Рајчо Николов“ бр. 60, Бугарија

Телефон: +359 78 847 002

Е-пошта: admin@eta-sys.com  

 

 

 

Извор на фотографии: ЕТА-СИС, ©Engineer.BG via Canva.com, ©RonFullHD via Canva.com

 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »