Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Комплексни решенија за автоматизација на процесите во енергетски мрежи од WAGO

24 october 2018

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Современите решенија за автоматизација на енергетските мрежи откриваат многу можности за нивно ефикасно управување од големи растојанија. „WAGO Kontakttechnik е германска компанија, светски лидер во производството на производи од областа на електротехниката и електрониката. Производната палета на компанијата вклучува богат сет на решенија, погодни за автоматизација на процесите и одржување на оптоварувањата во енергетските мрежи“, раскажаа за BalkanEngieer.com од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.

 

 

Германскиот производител нуди комплетна технологија за автоматизација на iONS вклучувајќи ги контролерите PFC200, веб-панелите e!DISPLAY, како и комуникациски систем.

 

Управување со среднонапонски дистрибутивни трафостаници

„Автоматизацијата на среднонапонските дистрибутивни трафостаници со WAGO контролерите е решение со кое можат да бидат постигнати одлични резултати. Тука грешките можат веднаш да се детектираат со поврзување на индикаторите за соодветниот дефект и пренесување на информациите за нив. Следува брзо обновување на погодените области и тие можат веднаш пак да се вклучат во општата мрежа“, појаснија од ВАГО.

 

„Со помош на WAGO контролерите, измерените вредности на просечниот напон може континуирано да се пренесуваат до центарот за управување“, додадоа од компанијата.

 

 

Мониторинг на трафостаници при производството на обновлива енергија

Контролерите на WAGO вршат безбедна и сигурна контрола на трафостаниците при производството и дистрибуцијата на обновлива енергија. Дефектите на фотоволтаични или ветерни паркови можат да резултираат губење на средства и техничка штета. Контролерите на WAGO ги спречуваат овие проблеми со точно одредување на дефектот и овозможуваат брзо повторно вклучување на обновените сегменти од мрежата.

 

ТР ВАГО Контакттехник ДОО

Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417

Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10

E-mail: info-bg@wago.com

 

Компјунет инженеринг

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9

Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017; +389 78 279 657

E-mail: prodazba@compunet.com.mk

 

Повеќе информации за ТП ВАГО Контакттехник ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

 

Извор на фото материјал: ТП ВАГО Контакттехник ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »