In Albanian In Bulgarian
Роботите се користат во многу индустрии и примени, од производство на возила и прехранбена индустрија до уметнички занаети. За време на овогодинешниот саем Automatica 2023, кој ќе се одржи од 27 до 30 јуни во Минхен, FANUC ќе прикаже разновидни иновативни решенија, технички достигнувања и практични примени. „Решенијата на водечката јапонска компанија во областа на роботиката, кои ќе можат да се видат во хала Б6, штанд 231, се ориентирани како кон високо автоматизираните индустриски сектори, така и кон нови групи на клиенти. Заедно со се друго, компанијата има за цел да му се спротивстави на недостигот на квалификувани работници преку обезбедување на своите клиенти на едноставни и интуитивни софтверски решенија“.
Како почетниците, така и искусните програмери веќе можат да ги искористат предностите на сите модели на роботи FANUC користејќи го за програмирање традиционалниот iPendant или таблет. „Ние им даваме на операторите можност интуитивно да се ориентираат во софтверската околина на роботите без да поставуваат ограничувања за програмерите“, коментира г-дин Ралф Фолингер, генерален манаџер на Одделот „Роботи“ во FANUC Europe.
За време на Automatica ќе се демонстрира и робот M-710iD во примена во логистиката, што е само една од многуте можности на овој мултифункционален робот.
Друга важна иновација што ќе се демонстрира на саемот ќе биде опционалниот iPC (индустриски компјутер), кој обезбедува висока моќ на пресметување за обработка на операции со големи волумени на податоци со кратко време на циклусот. Тој е специјално развиен за апликативниот софтвер со вештачка интелигенција на FANUC - како земање на делови од контејнери, автоматско поставување траектории и друго.
Вештачката интелигенција во акција – на саемските површини на FANUC
Системските интегратори и партнери на FANUC на штандот на компанијата ќе покажат иновативни намени надвор од традиционалниот индустриски сектор во кој вештачката интелигенција игра важна улога. На пример, роботизираниот систем „Bakisto“, развиен заедно со производителот на печки WIESHEU и специјалистот за малопродажба Wanzl, ќе пече свежи кроасани за посетителите. Системот обезбедува попрецизна пресметка базирана на податоци за потребните видови пекарски производи и нивната количина, што им олеснува на вработените во супермаркетите и хипермаркетите.
Во големите пералници Velum веќе се користи систем развиен во соработка со старт-ап компанијата Sewts. Опремени со роботи FANUC, 3D камера и интелигентен софтвер, машините „Velum“ ги анализираат движењата на деформабилните ткаенини и ефикасно го додавот текстилот до машините за виткање.
Роботите на мобилни платформи – акцент во учеството на FANUC
Роботите на мобилни платформи се лесен начин да го направите производството пофлексибилно. FANUC разви модул за мобилно ракување во соработка со својот австриски партнер Ger4Tech. Мобилната платформа „G4T4“ се комбинира со колаборативен робот CRX за решавање на задачи за ракување со делови од контејнери со помош на системот за машинско гледање iRVision на FANUC.
Различни решенија за заварување ќе бидат дополнителна атракција за посетителите на саемот. Партнерот на FANUC, LEWA Attendorn, на пример, планира да покаже флексибилно и оптимално решение за сложените производствени предизвици при склопување, додека ќелијата за заварување на друг партнер, Demmeler, ќе се фокусира на интуитивно програмабилен колаборативен робот CRX за автоматско заварување. „Други партнери, како што се Wandelbots и voraus robotics, ќе демонстрираат решенија како што се програмирање без код и интерфејс човек-робот што ќе се користат во иднина. И последно, но не на последно место, компанијата INperfektion ќе прикаже апликација за лепење со двокомпонентно лепило со помош на FANUC CRX-20iA/L и систем за 3D визуелизација“, додадоа уште од ФАНУК Бугарија.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC