Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

КМТ Сервиз: Стеги за поправка на водовод и канализација го спасуваат Алжир при голем дефект на цевка DN1200

21 november 2024

In Bulgarian In Albanian In Serbian

  

Во регион каде што водата е исклучително вреден ресурс, истоимениот главен град на Алжир одржува водоводна мрежа која ги опслужува потребите на повеќе од 850.000 корисници. Во оваа ситуација, градските власти се стремат да го минимизираат ризикот од дефекти и пукање на цевки за да им обезбедат квалитетна услуга на домаќинствата и бизнисот и да ги зачуваат водните ресурси. За оваа цел тие имаат потреба не само од работна сила, туку и опрема и експертиза, кои ги пронаоѓаат со помош на француската компанија Claire Group, специјализирана во две области: разработка и производство на опрема за изградба, одржување и поправка на водоводни мрежи, како и целосни системи за автоматизација, мониторинг и оптимизација на водоводните и канализациони мрежи. Повеќе за активностите на Claire во Алжир за BalkanEngineer.com раскажаа од КМТ Сервиз - водечка компанија, официјален партнер на француската групација кај нас.


  

„Градскиот совет на Алжир има за цел да ги идентификува слабите места во водоводната мрежа на градот. Токму затоа, по внимателно проучување на постојната состојба и последиците од протекувањата, локалниот водоводен и канализационен оператор и фирма  EIE - дел од Claire Group, ги утврдиле потребните барања за елементите и деловите за поправка кои се потребни, за да се реагира што е можно побрзо при евентуален дефект“, објаснија од КМТ Сервиз.

 

Веднаш штом ќе стане јасно од што има потреба локалната водоводна и канализациона компанија, тимот на EIE ги проектира и изработува производите по нарачка во нивната фабрика во Франција, а потоа ги доставува во градот. Производите исто така вклучуваат и стеги за поправки со големи дијаметри, потребни за ублажување на последиците при дефект или пукање на најголемите секции на цевките.

 

Токму тоа и се случува. Бетонска доводна цевка со дијаметар од DN 1200 пукнува, предизвикувајќи огромно истекување. За среќа, инженерите за водовод и канализација во Алжир веќе го имаат потребното техничко решение и успеваат да ги искористат достапните делови за поправка, применувајќи ги своите вештини во акција.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографиi: КМТ Сервиз, Claire, ©Engineer.BG via Canva

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

  • 09 december 2024Нашиот WMS магацински софтвер е најпосакуваното решение за трансформација на логистички центри

    Освен правилното димензионирање на расположливиот магацински простор и обезбедување на компактност и флексибилност на складирање на магацинските единици, во дистрибутивниот центар од суштинско значење е и управувањето со оперативните процеси. Затоа, во следните редови, вашето внимание ќе го насочиме кон магацинскиот софтвер WMS имплементиран од специјалистите на STAMH Solutions. „Побарувачката за WMS магацински софтвер е се позголемено поради неговите неоспорни предности и можноста за флексибилно управување со палетизирана стока“, коментираа за BalkanEngineer.com од STAMH Group – меѓународна компанија специјализирана за високотехнолошки решенија, магацинска опрема и софтверско обезбедување.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »