Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Кимекс: „Горди сме што доставуваме високотехнолошка опрема на Kemppi за растечките потреби на бугарската индустрија“

21 march 2023

In Bulgarian  In Romanian

 

Бугарската компанија Kimex е ексклузивен застапник за Бугарија на финскиот производител на опрема за заварување Kemppi Oy. Таа се стреми да обезбеди решенија кои се сигурни, функционални и лесни за употреба. Од нејзиниот тим го мерат достигнатиот успех според задоволството на нејзините клиенти. „Во текот на изминатите години, успеавме да го воспоставиме Kemppi на бугарскиот пазар како синоним за квалитет, ефикасност и висока технологија. За тоа сведочат нашите бројни реализирани проекти опремени со Kemppi, а во изминатите години се гордееме со два исклучително успешни проекти. Тоа се две фабрики кои при проширувањето на своето производство ни се доверија како единствен официјален застапник на Kemppi за Бугарија. Проектите јасно ги покажуваат зголемените трендови во развојот на индустријата и довербата во нас и новите машини на Kemppi“, коментираа од докажаната трговска и инженеринг компанија Кимекс, ексклузивен застапник на Kemppi за Бугарија.

 

 

Заварувачите се хероите на финската компанија за опрема за заварување Kemppi. Нејзината  развојна активност е фокусирана на обезбедување на најдобрите можни алатки при што комбинира иновации ориентирани кон корисниците со постојано висок квалитет. Конструктивното решение на агрегатите за заварување на Kemppi се фокусира на подобрување на стабилноста на лакот и показателите на заварување, како и на зголемувањето на професионалното искуство на заварувачите.

 

„Сеопфатната филозофија на Kemppi за проектирање на опремата го опфаќа целиот екосистем на заварување - од потребите на заварувачите до создавањето усовршени производи и дигитални решенија за обезбедување на висок квалитет на заварот“, објаснија од Kimex.

 

Главните цели на компанијата се максимално задоволување на потребите на клиентите, затоа става акцент на активности како што се одржување и сервисирање. Кимекс врши обука за работа со опремата што ја продава. Исто така, одржува магацински залихи на потрошен материјал и резервни делови за понудената опрема за заварување.

„Задоволни сме само тогаш, кога клиентот е задоволен. А довербата на клиентите се освојува многу тешко и се губи многу лесно. Затоа не правиме никаков компромис со квалитетот и нудиме само опрема од највисока класа на професионалци за заварување, без разлика дали се работи за големи фирми или индивидуални заварувачи“, категорични се од Кимекс.

 

 

Вистинските иновации го менуваат начинот на кој ги гледаме и извршуваме работните активности. Тие може да вклучуваат ергономско подобрување, нов начин на управување или алтернативен пристап кон постоечки производствен процес. Во сите случаи, иновацијата ја олеснува работата и создава додадена вредност.

 

„„Се е поврзано со технологии, но бизнисот е меѓу луѓето. Затоа, ние сме исклучително горди да споделиме дека успеавме да ги убедиме нашите клиенти во квалитетот на технологијата за заварување на Kemppi и тие ни се доверија за испораката на агрегати за заварување за овие нови производства. Тимската работа и партнерството ја создаваат основата на успехот, како и посветеноста во сè што правиме“, додадоа уште од Кимекс.

 

Адреса: Бугарија, гр. Стара Загора, улица Екзар Антим бр. 26

Телефон: +359 42 64 5028

E-mail: office@kiberys.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА! 

 

 

Извор на фотографии: Кимекс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »