Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Интернет за канцеларија - како да си го избереме вистинскиот провајдер?

13 october 2016

In Bulgarian.

 

Сакате сигурен провајдер на интернет во вашата канцеларија? Партнер на кого можете да имате доверба, кој да ви ги обезбеди потребната брзина, безбедност и сигурност на интернет - врската и на кого да сметате во секој момент. За да се објасни какви се критериумите за избор на вистинскиот за вашиот бизнис интернет провајдер од BalkanEngineer.com се обративме до Мадлен Ангелова, комерцијален директор на докажаниот телекомуникациски оператор Булгартел.

 

Госпоѓа Ангелова, какви се критериумите кои треба да ги исполнува провајдерот на бизнис интернет?

 

Интернет провајдерот треба да е сигурен партнер, кој им обезбедува можност на своите клиенти мирно и самоуверено да ја развиваат својата основна дејност. Во случајов, Булгартел презеде ангажман да обезбеди комуникациска средина потребна за врска помеѓу канцелариите, пристап до интернет и др. За нас е исклучително важно меѓу нас и нашите клиенти да постои доверба и партнерски однос.

 

Кои се факторите кои влијаат на безбедноста и сигурноста на услугата?

 

Главни фактори за обезбедување на квалитетна услуга се користената технологија, поврзувањето со меѓународните и национални провајдери на интернет, како и професионалното одржување на мрежата и услугите. Нашите клиенти можат да се потпрат на квалификувани специјалисти, одговорни за изградба на современа мрежа за пренос на податоци и за одржувањето на технолошкиот ресурс и извршените услуги. Како долгогодишен телекомуникациски оператор, Булгартел има изградено долгорочни и сигурни партнерски односи со големи меѓународни локални провајдери на телекомуникациски услуги за да им обезбеди на своите клиенти услуги од највисока класа.

 

Што нуди Булгартел и кои се предностите на компанијата како провајдер на бизнис -интернет?

 

Булгартел е современ телекомуникациски оператор со сопствена телекомуникациска мрежа, кој до неодамна им обезбедуваше телекомуникациски услуги само на други оператори. Од неколку години се насочивме кон корпоративниот сегмент, што ни овозможува да обезбедиме високо технолошки услуги и на бизнис клиенти. Во нашата стратегија е втемелен принципот дека секој клиент е важен, а нашиот тим работи за да обезбеди флексибилни технички решенија и трговски услови со цел максимално да ги задоволат специфичните потреби на нашите клиенти.

 

Булгартел Скопje ДООЕЛ

Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2

Телефон: 00389 72 221714

Е-mail: skopje@bulgartel.bg

 

 

Извор на фотографии: BalkanEngineer.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »