Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж.Нишан Баздигјан од РАИС:Докажаниот претприемач беше награден за неговиот придонес

21 june 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

Инж. Нишан Баздигјан, управител на водечкиот балкански производител РАИС, со свечен настан го прослави својот 60-годишен јубилеј на кој доби и специјална награда од Здружението на претприемачите. Наградата му беше доделена за потврдување на авторитетот на здружението на национално и на светско ниво. Целиот тим на Balkanengineer.com му посакува на г-дин Баздигјан здравје, благосостојба, освојување на уште многу врвови и инспирација на патот напред! Повеќе за наградата ќе ви раскажеме во следните редови.

 

 

Инж Нишан Баздигјан по втор пат е награден со награда од Здружението на претприемачи во Пазарџик. Оваа награда е доделена само уште еднаш и нејзин носител повторно е инж. Баздигјан. Наградата е кристална а основачот на РАИС ја доби за неговата неуморна работа поврзана со развојот на машиноградбата и неговото етаблирање во Европа и ширум светот, како и за неговиот придонес во градењето на општествено одговорен бизнис во регионот на град Пазарџик.

 

Претседателот на Здружението, инж. Иван Неделчев, му ја врачи наградата на г-дин Баздигјан со зборовите: „Ние многу ги цениме заслугите на г-дин Баздигјан за здружението, неговата активна позиција за јавните работи, неговото учество во важни иницијативи за нашата заедница, неговите успеси како менаџер кои ги надминуваат границите на нашата земја и ја промовираат балканската индустрија низ светот. Во таа насока, на состанок на здружението решивме да му доделиме специјална награда и да му посакаме добро здравје и да продолжи да ги држи своите принципи, да ги постигнува своите цели и да ги остварува своите соништа“.

 

 

Меѓу главните цели на здружението е да ги обедини претприемачите од град Пазарџик за создавање на услови погодни за развојот на компаниите раководени од нив. Друга насока во неговата дејност вклучува охрабрување на економската активност на нејзините членови со соодветни методи, средства и форми.

 

„Изградено на територијална основа, здружението активно учествува во јавниот живот на општина Пазарџик, и преку своите контакти со слични организации од регионални и општински центри во земјата - и во регионалните и националните општествено-економски процеси. Здружението остварува и различни донаторски активности“, додадоа од РАИС.

 

RAIS е водечки балкански производител кој разработува, произведува, модернизира и инсталира машини за обработка на метали од најнова генерација. Компанијата е еден од најголемите работодавачи во град Пазарџик и постојано инвестира во обука и изградба на млади инженери и техничари, давајќи им можност за работа со најновите технички средства и технологии во областа на машиноградбата.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: 034/444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: РАИС (RAIS)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »