Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инженеринг ЕАД: Изградбата на 110 kV кабелска линија „Кипарис“ е резултат на модерна опрема и искусни специјалисти

30 july 2024

In Bulgarian In Albanian In Serbian

 

Изградбата на 110 kV кабелска линија „Кипарис“, која ги поврзува трафостаница „Загорка“ и трафостаница „Трајана“ на територијата на Стара Загора, Бугарија, е следниот успешен проект во портфолиото на Инженеринг ЕАД. Бугарската компанија, дел од групацијата Филкаб, е фокусирана на квалитетните и долготрајни решенија во електричната изградба на објекти од областа на енергетиката, индустриската и јавната изградба. „Меѓу нашите пазарни предности се висококвалификуваниот тим, механизацијата и високотехнолошката опрема со кои располагаме и вешто ги користиме за постигнување на бескомпромисни резултати, што ги задоволуваат потребите на клиентите според договорените рокови“, коментираа од тимот на компанијата за BalkanEngineer.com.

 

 

Проектот за изградбата на кабелска линија „Кипарис“ 110 kV се реализираше во периодот 2016 - 2019 година, со инвеститор „Електроенергетски системски оператор“ ЕАД (ЕСО ЕАД). Дозволата е издадена од општина Стара Загора со цел гарантирање на сигурна работа без дефекти на снабдувањето со електрична енергија во централниот дел од градот. Изведувач на проектот е ДЗЗД „Обединение Кипарис“ (Друштво според законот за облигации и договори), а активностите вклучуваат монтирање и поставување на нова трифазна кабелска линија, поставување и монтажа на оптички кабел, насипување на ископи и обновување на нарушените патни облоги, мерења и испитувања. Според договорот, проектот изнесува 2.700.000 лева без ДДВ.

 

Должината на кабелската линија што ја изградивме е вкупно 3100 метри, при што работите се изведуваа целосно во урбана средина. Испорачани и монтирани беа 9300 метри кабел A2XS(FL)2Y: 64/110 kV, 1x1200 rm*/50 (број x пресек (mm2)/надворешен дијаметар (mm)) произведен од Prysmian, Романија, како и потребните кабелски приклучоци и глави за надворешна монтажа 110 kV, производство на Pfisterer, Швајцарија.

 

 

*Ознака за обликот на кабелот, во овој случај rm – тркалезен со повеќе лисни.

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, canva.com

 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 25 april 2025Т и Д Инженеринг: Станицата за полнење eCS Mobilo-A е моќно решение кое издржува секакви метеоролошки услови

    Со развојот на електромобилноста, мобилните станици за полнење се претвораат во главен елемент од флексибилноста на транспортните системи. Тие не само што обезбедуваат брзо и удобно полнење, туку и го прошируваат пристапот до електрична енергија на места каде што недостасува стандардна инфраструктура за полнење. Т и Д Инженеринг (TiD), производителот на eCS Mobilo-A Portable, е докажана компанија во развојот на иновативни решенија за полнење кои комбинираат моќност, сигурност и паметни функции.

  • 22 april 2025РС Електро: Системот за тестирање viola на Baur е решение од нова генерација за тестирање и дијагностика на кабли

    Преносливиот и моќен високонапонски систем viola на Baur се користи за тестирање на кабли и кабелски обвивки за среден напон до 35 kV и електрична опрема, при што друга негова функција е тестирање на изолацијата на електричната опрема. „Дијагностичкиот систем viola се одликува со висока продуктивност и компактност. Тој овозможува прецизно и недеструктивно одредување на состојбата на кабелот со лесно и брзо штелување на тестот. Ова е систем од нова генерација за проценка на состојбата на кабелските системи, кој исто така овозможува автоматизирано тестирање и дијагностика.

  • 23 april 2025Решенијата на Унисист Инженеринг се во основата на системот за известување и контрола на природен гас

    Коректорите за природен гас се уреди што ја коригираат потрошувачката на гас, мерен со помош на различни трансмитери на потрошувачка, вклучително турбински, ротациони, ултразвучни, бленди и други. Врз основа на импулсите што влегуваат во него, коректорот врши автоматска PTZ корекција според температура, притисок и состав на гасот. Унисист Инженеринг е еден од европските производители со лидерски пазарни позиции во решенија за мерење, управување и мониторинг во областа на распределбата на гасот.

  • 16 april 2025ABB претстави широк спектар на паметни решенија за управување со згради на Архитектонско – градежна недела 2025

    Голема разновидност од иновативни, интелигентни и одржливи решенија за автоматизација на домови и згради го привлекоа вниманието на штандот на ABB за време на овогодинешното издание на Архитектонско – градежна недела 2025, што се одржа кон крајот на март во Софија, Бугарија. Посетителите и гостите на меѓународниот форум за енергетски ефикасно, еколошко и функционално градежништво успееја да се запознаат со некои од најновите разработки на компанијата, меѓу кои производи и целосни решенија во областа на електричната апаратура, системи за паметен дом и още.

  • 16 april 2025SpaceCAD: Производителот на обликувани форми заштедува време и го подобрува квалитетот со NX CAD/CAM на Siemens

    Од играчки и канцелариска опрема до предмети за домаќинството, амбалажа и автомобили – работите за секојдневна употреба што не се изработени барем делумно од синтетички материјали се многу малку. Јозеф Хајдлмаир го видел потенцијалот во оваа област во 1979 година. Почнал да ја користи тогаш новата технологија за обработка на метали со електрично празнење (EDM) во проектирањето и производството на обликувани форми за детали од пластика. Aвстриската компанија Haidlmair е водечки испорачувач на алатна опрема за леење под притисок.

  • 15 april 2025Weber Etiketten: Правилната идентификација на производи ја спречува појавата на дополнителни трошоци

    Во современиот бизнис, точното етикетирање и обележување на пратките игра решавачка улога во логистиката и синџирот на снабдување. „Неправилната идентификација на производи може да доведе до значително зголемување на оперативните трошоци и до влошување на репутацијата на компанијата“, коментираа од Weber Etiketten, докажана трговска компанија, создадена како резултат на партнерството помеѓу СИС 45 и Weber Marking Systems. Анализа покажува: неправилно идентификуваните пратки водат до значителни директни трошоци.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 24 april 2025Романија гради нов терминал на аеродромот „Анри Куанда“, Букурешт, за повеќе од 30 милиони патници годишно.

    Главниот меѓународен аеродром во Романија – „Анри Куанда“ во близина на Букурешт - ќе биде проширен со целосно нов патнички терминал, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Националната компанија на аеродромите во Букурешт (CNAB). Компанијата распиша тендер за избор на изведувач за проектирање на комплексот и соодветната аеродромска инфраструктура. Вредноста на нарачката за проектирање и инженеринг се пресметува на околу 40 милиони. евро. Објектот ќе биде интегриран со целосно нова инфраструктура.

  • 22 april 2025Бугарската Фикосота Фууд инвестира 41 милиони евра во нова фабрика за снаксови во Шумен

    Бугарската компанија Фикосота Фууд, дел од групацијата Вивид К Капитал, ја започнува изградбата на нов производствен комплекс за снаксови во Шумен во вредност од 41 милиони евра (околу 80 милиони лева). Тоа го дозна BalkanEngineer.com од изјава на претставници на компанијата за време на церемонијата „Инвеститор на годината“ организирана од Бугарската агенција за инвестиции. Новата фабрика ќе биде сместена на површина од 15.000 квадратни метри и ќе создаде околу 150 нови работни места.

  • 16 april 2025Првиот технолошки парк во Албанија, Durana Tech Park, отвори врати

    Оваа пролет, Албанија официјално го отвори Durana Tech Park – првиот од ваков вид во земјата научно - технолошки парк, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Албанската инвестициска корпорација. Објектот се наоѓа во село Џафзотај (Xhafzotaj),, помеѓу Тирана и Драч, и веќе ги пречека своите први 35 закупци – компании од шест земји, вклучително САД, Германија, Италија, Франција, Естонија и Косово. Проектот е раководен од Албанската инвестициска корпорација и има за цел да ги охрабри иновациите и трансферот на технологии во регионот.

  • 14 april 2025Во Северна Македонија ќе се изгради фабрика за барут со турски инвестиции

    Турската државна одбранбена компанија Makine ve Kimya Endüstrisi (MKE) и македонскиот производител на муниција ATS Group потпишаа меморандум за стратешка соработка што предвидува изградба на фабрика за барут во Северна Македонија. Тоа го дозна BalkanEngineer.com од официјална потврда на веста од MKE преку публикација на социјалните мрежи. Според изјавата, проектот има за цел зголемување на локалниот производствен капацитет и продлабочување на соработката меѓу двете земји во одбранбената индустрија. Потпишувањето се одржа на 27 март 2025 г.

  • 10 april 2025Magna отвора втора фабрика во Северна Македонија со инвестиција до 50 милиони евра

    Канадската компанија Magna Mechatronics, дел од Magna International, ќе отвори нова фабрика во град Штип, Северна Македонија овој месец, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Инвестицијата во објектот изнесува 45-50 милиони евра, соопшти премиерот на државата Христијан Мицкоски. Се очекува фабриката да создаде меѓу 500 и 600 работни места. Ова е втора фабрика на Magna International во Северна Македонија. Компанијата веќе неколку години работи во земјава со модерна фабрика во близина на Струга, во која работат 300 луѓе.

  • 08 april 2025Албанија ќе го модернизира индустрискиот комплекс во Елбасан до 2030 година

    На крајот на март оваа година. Албанската влада објави план за модернизација на индустрискиот комплекс во Елбасан, кој ќе вклучува подобрувања во инфраструктурата и проширување на можностите за бизнис. Проектот, кој треба да биде реализиран до 2030 година, има за цел да привлече нови индустрии, како што се комуникациски технологии, центри за податоци и логистички компании, дозна уште BalkanEngineer.com од официјалното соопштение. Индустрискиот комплекс опфаќа 340 хектари, од кои 105 хектари се во сопственост на 53 приватни претпријатија, главно производители.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 25 april 2025Српската софтверска компанија HTEC ја купува чешкиата CertiCon, зајакнувајќи ја својата позиција во Европа

    Софтверската компанија HTEC, основана во Србија и со седиште во САД, продолжува со своето проширување во Европа откако објави дека ја презема чешката инженеринг компанија CertiCon, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на HTEC. Зделката, чија вредност не беше јавно објавена, е поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со која HTEC одржува долгорочно партнерство. CertiCon е добро познато име во Централна Европа, особено во секторите за здравствена заштита, вградениот софтвер и автоматизацијата.

  • 23 april 2025Европската Унија доделува 90 милиони. евра за железничка пруга во Албанија со врска со Бугарија

    Албанија ќе ја модернизира својата железничка инфраструктура со поддршка од Европската Унија (ЕУ): финансирање во висина на 90,5 милиони евра ќе бидат насочени кон реконструкција на 34 километарската делница помеѓу пристаниште Драч и град Рогожина - дел од Паневропскиот транспортен коридор VIII, кој ги поврзува Италија со Бугарија. Тоа го дозна BalkanEngineer.com од официјалната веб-страница на ЕУ во Албанија. Проектот се проценува на вкупна вредност од над 121 милиони евра.

  • 17 april 2025Србија инвестира 50 милиони евра во француска технологија за нов суперкомпјутер и инфраструктура за вештачка интелигенција

    Српската влада склучи договор во вредност на 50 милиони евра со француската компанија Eviden за испорака на нова генерација суперкомпјутер и разработка на примени, базирани на вештачка интелигенција (ВИ). Зделката е дел од поширока спогодба за стратешка соработка меѓу Србија и Франција, потпишана во јуни 2024 година, дозна BalkanEngineer.com од изјавата на српскиот премиер. Според информации од владата, 36 милиони евра од вкупниот износ ќе бидат инвестирани во самиот суперкомпјутер.

  • 15 april 2025Вештачката интелигенција влегува во романските училишта преку проектот Saro

    Романија презема нов, уште поиновативен чекор кон дигитализацијата на образованието со воведувањето на асистентот за вештачка интелигенција Saro во училишта и универзитети. Проектот е разработен од организацијата Digital Nation и започнува во партнерство со Министерството за образование, дозна BalkanEngineer.com од официјалното соопштение за проектот за медиумите. Saro користи вештачка интелигенција за да им помага на ученици, студенти и наставници со персонализирана повратна врска, мотивациска анализа и планирање на наставни задачи.

  • 11 april 2025Србија го субвенционира со 3,5 милиони евра центарот за научно истражување и развој на Rivian во Белград

    Српското Министерство за економија доделува субвенција од 3,5 милиони. евра на Rivian SE Europe – европски сектор на американскиот производител на електрични автомобили Rivian. Средствата ќе го помогнат развојот на центарот за научни истражување и развој (R&D) што компанијата го отвори во Белград во декември 2022 година, дозна BalkanEngineer.com од соопштението на српското министерство. Rivian SE Europe се ангажира да инвестира најмалку 6,6 милиони евра до крајот на 2025 година и да вработи минимум 370 луѓе.

  • 09 april 2025Романската Sameday отвори нов логистички центар од 4,2 милиони евра во Брашов

    Романската курирска компанија Sameday го претстави својот нов логистички центар во град Гимбав, округ Брашов. Инвестицијата во него изнесува 21 милион леи (4,2 милиони евра), дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Објектот, лоциран на површина од 6.800 квадратни метри во рамките на Sofimat Logistic Park, е проектиран за поефикасно сортирање и обработка на мали и средни пратки. Новиот хаб поседува автоматизиран систем кој може да обработува до 7.000 пратки со тежина до 20 kg/h.

Види ги сите »