In Bulgarian In Serbian In Albanian
Инженеринг ЕАД е водечка инженеринг компанија, дел од групацијата на компании Филкаб, која се докажа како лидер во областа на електричната монтажа. Меѓу успешно изведените проекти на фирмата е изградбата на кабелска линија 110 kV за потребите на трафостаница „Балкан“ и поставување на оптички кабелски линии од трафостаницата „Балкан“ 110/20 kV до трафостаница „Мелта“ 110/ 20 kV на територијата на град Ловеч во Бугарија.
Благодарение на своето долгогодишно искуство и професионализмот докажан во времето, фирмата ја доби довербата на голем број инвеститори за изведувањето на проекти од големи размери.
„Задачата што ни ја постави инвеститорот вклучуваше изградбата на кабелска линија 110 kV и поставување на оптички кабелски линии од трафостаница „Балкан“ 110/20 kV до трафостаница „Мелта“ 110/20 kV, која се наоѓа во град Ловеч. Должината на кабелската линија од 110 kV е вкупно 1300 метри, при што работата е изведена целосно во урбана средина. Оптичките кабелски линии се две, со должина од по 1.500 метри секоја“, објаснија изведувачите.
Специјалистите на Инженеринг ЕАД целосно се ангажираа во активностите за управување со проекти, поставувањето на кабелот и монтажата на кабелската арматура за висок напон (ВН), обезбедувајќи и надзор на активностите.
„Квалитетната изведба на проект од ваква сложеност бара специјализирана опрема, со која располагаме. Нашата машина за извлекување со контрола на напорот, држач за барабанот со сопирачка, кабелските макари, како и нашите обучени специјалисти ја гарантираат целосната изведба на проектот, истовремено гарантирајќи бескомпромисни резултати“, објаснија од компанијата.
Вкупната должина на испорачаните и монтирани кабли е 4000 метри. Тие се модел A2XS(FL)2Y 64/110 kV 1x800 rm/95, произведени од компанијата Prysmian, Романија. Исто така, се испорачани и монтирани потребните спојки за кабли, кабелски глави за монтажа на отворено и приклучни кабелски глави 110 kV, произведени од Raychem, Германија, дел од групацијата TE Connectivity. „Испораката на компонентите за изградба на кабелската линија ја извршена од фирма Филкаб АД, при што специјалисти на компанијата раководеа со поставувањето на кабелот ВН “, додадоа уште од Инженеринг ЕАД.
Во основата на својата фирмена политика, Инженеринг ЕАД се потпира на принципите: иновација, коректност, компетентност, тимска работа, одговорност, доверба и постигнување на резултати. Нивната комбинација е „мотор“ за развој на компанијата. Нејзината ангажираност на овие вредности и почитување на политиката за квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа ја претвораат компанијата во сигурен партнер кој го претпочитаат големите претпријатија и докажаните брендови.
Инженеринг ЕАД – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, canva.com