Со развојот на компјутерската технологија, се повеќе и повеќе одговорни функции се префрлаат на индустриските роботи и тие може да се видат во многу различни индустриски области. Колаборативните роботи Elfin на Han’s Robot не ги прекинуваат транспортните линии, ја зголемуваат продуктивноста, ги ослободуваат работниците од монотони и тешки рачни операции, имаат голема прецизност и повторливост на движењата со што се намалуваат производствените несреќи и грешките.
„Откако го презентиравме најмалиот робот од серијата, денес сакаме да ве запознаеме и со најголемиот – Elfin E10, кој е погоден за средни оптоварувања (до 10 кг) и во зависност од потребите може да се програмира да изврши серија на производствени операции што бараат постојан и сигурен квалитет“, соопштија за BalkanEngineer.com од фирма Индустриски роботи, официјален застапник на Elfin за бугарскиот и македонскиот пазар.
Колаборативниот робот Elfin E10 на Han’s Robot е функционален робот со 6 оски, проектиран за различни активности како што се пакување, манипулирање и обработка на детали со голема прецизност и сигурност. Погоден е за носивост до 10 кг и се користи во униформни рачни операции, кои особено одземаат многу време. Овие задачи варираат од зглобување на детали до униформни активности кои се повторуваат, како што се земање и поставување на детали од едно на друго место.
Просечниот опсег на коботот е 1000 милиметри и е погоден за послужување на производствени линии, машини и додатоци што се поврзани со палетизирање или подредување.
„Коботите од серијата Elfin можат да се обучат со едноставно придвижување на нивната рака до саканата позиција или по потребната траекторија, што во голема мера го намалува времето за програмирање. Доволни се само 10 минути за изработка на програма од видот „pick & place““, објаснија уште од Индустриски роботи.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han`s Robot