- BalkanEngineer Bulgaria
- BalkanEngineer Macedonia
- BalkanEngineer Romania
- BalkanEngineer Serbia
- BalkanEngineer Albania
- BalkanEngineer Greece
- BalkanEngineer Turkey
Бесплатна претплата
Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!
29 october 2019
Концептот на колоборативните роботи, или накратко наречени „коботи“, се појави во 1995 година како дел од истражувачки проект предводен од фонд на General Motors. Називот доаѓа од можноста на овој вид роботи да работат заедно со луѓе во иста производствена зона. Дотогаш, традиционалниот робот во автомобилската индустрија е задолжително сместуван во изолирана и обезбедена ќелија и работи самостојно. Главната идеја на проектот е да се создадат роботи кои можат да работат безбедно заедно со луѓето. Денес, повеќе од 20 години подоцна, коботите го најдоа своето место не само во разни индустрии, туку и во свеста на луѓето. Но, дали ги знаеме разликите помеѓу роботите и коботите.
Индустриски Роботи ДООЕЛ, ексклузивен претставник на кинеските коботи Elfin за Бугарија и Македонија, ги коментира овие основни разлики за BalkaEngineer.com.
Партнерство човек-машина: Коботите се специјално разработени за заедничка работа со луѓето и немаат потреба од заштитни огради.
Спречување на опасни ситуации: Коботи извршуваат задачи што можат да бидат опасни за луѓето, како што се транспорт на остри или жешки делови или опасни монтажни активности.
Интелигентно и безбедно однесување: За коботите важат специјални правила во кои се определуваат различни спецификации во однос на брзината, корисниот товар и безбедносните показатели.
Мобилност и рентабилност: Покрај тоа што лесно можат да се репрограмираат, коботите можат да се преместуваат и користат на различни места во производствениот процес.
Elfin – Интелигентниот колаборативен робот на Han’s Robot
Посебни карактеристики на коботите од серијата Elfin се:
- Интелигентен колаборативен робот;
- Голем опсег;
- Слободно движење;
- Модуларна концепција;
- Прецизност.
„Коботите од серијата Elfin можат да бидат обучени со едноставно движење на нивната рака до посакуваната позиција или по потребната траекторија. Доволни се само 10 минути за изготвување на програма од видот „pick & place“, изјавија во заклучок од Индустриски Роботи.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Телефон: +359 888 736 640
Е-mail: info@roboti.biz
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han`s Robot
12/06/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/06/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/04/19
Место на работа: Бугарија, Софија
Фирма: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ
12/04/19
Место на работа: Бугариjа, Пловдив
12/04/19
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
12/03/19
Место на работа: Бугариjа, Петрич
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.
ТиД Инженеринг е докажана инженерска компанија во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. „Нашиот тим исто така го извршува целосниот опсег на активности за автоматизација. Имаме долгогодишна експертиза во изградба на индустриски мрежи на програмабилни контролери, системи за далечинско управување и далечинска сигнализација, имплементација на SCADA системи и многу други современи технолошки решенија за индустријата“, споделија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.
Магацинските простори стануваат сè попопуларни во услови на зголемена побарувачка. Една од причините за ова е континуираниот раст на електронската трговија. Порталот за анализи Statista предвидува дека само приходите од B2B трговијата ќе пораснат од над 40 милијарди евра за 2018 година до околу 46 милијарди во оваа година. Водени од иновации, проектирани со цел ефикасност, новите електрични виљушкари за подигнување во висина Hyster создаваат нови стандарди во складирањето.
Метал Технолоџи Груп (MTG) е една од докажаните металуршки компании кај нас. Компанијата има три фабрики за леење и механичка обработка на производи од алуминиум, леано железо и челик, а повеќе од 90% од нејзиното производство се извезува во земји низ целиот свет. „Задоволни сме кога се запознаваме со амбициозни млади луѓе. Имено на нив им нудиме најразлични можности за работа кај нас“, коментираа пред BalkanEngineer.com од тимот на MTG.
Како водечка компанија во проектирањето, изработката и имплементацијата на системи и средства за автоматизација на технолошките процеси, Мега Инженеринг ДОО продолжува да воведува разни индустриски примени. Сепак, овој пат, фокусот е малку поразличен и решенијата за кои ќе раскажуваме со љубезната соработка на тимот на компанијата, опфаќаат активности што не се толку тесно поврзани со производството. Што раскажаа од компанијата ќе разберете во следните редови.
„Сакате да ја дознаете механичката состојба на некој трансформатор? Сега е доволно да го разгледате набрзина упатството на новиот TTRU3 на Megger и да започнете да работите со него – тој е толку лесен за употреба“, изјавија за BalkanEngineer.com от Мегер Бугарија ДООЕЛ, подружница на докажаниот производител на техника за мерење и контрола Megger Group. Еве што дознавме за трифазниот уред за тестирање на коефициент на трансформација TTRU3.
До средината на 2020 година Бугарија ќе започне постапка за распределба на ресурс за фреквенција, преку кој мобилните оператори да ја започнат изградбата на нивните 5G мобилни мрежи. Ова стана јасно за време на првиот од таков вид форум за имплементација на 5G во земјата, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Форумот, кој се одржа под насловот „5G: паметна трансформација и раст“, беше организиран од Бугарската комисија за регулирање на комуникациите.
Еден од најголемите романски производители на градежни материјали – AdePlast станува сопственост на швајцарската групација Sika, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Вредноста на зделката не е јавно објавена. AdePlast произведува суви лепила и малтери, декоративни бои, премази и полистирен. Компанијата, во која има 470 вработени, пријави промет од 100 милиони евра за претходната година. Опфаќајќи ја цела Романија, компанијата управува три производствени бази.
Кинеската компанија Zijin Mining планира да го обнови и прошири српскиот комплекс за експлоатација на бакар Serbia Zijin Bor Copper во град Бор, источна Србија. Инвестицијата изнесува 200 милиони евра. Компанијата во моментов подготвува проект за зголемување на годишниот капацитет на комплексот од 80.000 тони на 200.000 тони бакарен концентрат во период од четири години. Покрај тоа, Zijin Mining ќе инвестира и во набавка на специјални конверторни машини кои ќе ја зголемат чистотата на бакарниот производ од сегашните 62% на 99,8%.
На 20 ноември 2019 година во град Скопје се одржа македонската конференција „Digital for Entrepreneurship“ како дел од Европската недела на мали и средни претпријатија. Годинешното издание на иницијативата беше обележано со повеќе од 35.000 настани во повеќе од 170 земји. За време на настанот во град Скопје, беше дискутирано за голем број актуелни теми поврзани со предизвиците и олеснувањето на работата на претприемачите денес. Гостите се запознаа и со можностите за развој кои дигитализацијата им ги нуди на малите и средни бизниси.
Специјален фонд ќе ги поддржува активностите и развојот на малите и средни претпријатија во пограничните региони на Бугарија и Србија за време на идниот програмски период 2021-2027 година. Компаниите ќе можат да добијат грантови за финансирање на проекти до 100.000 евра. Средствата за програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји се очекува да бидат одобрени до крајот на следната година. Малите и средни претпријатија ќе можат да имаат корист од финансирањето за поддршка и модернизација на производството.
Германскиот технолошки развивач Bosch отвори нова зграда со канцелариски простор и тест лаборатории кон својата романска фабрика во Трансилванија. Инвестицијата е во вредност од 7 милиони евра. Изградбата на новиот објект Bosch го започна во март 2018 година, а го заврши во септември оваа година. Во канцелариите и лабораториите за тестирање, кои имаат вкупна површина од 5700 метри квадратни, ќе бидат вработени околу 250 лица. Целта на инвестицијата е да се обезбеди простор за нови проекти што ќе придонесат за долгорочен развој на фабриката.
Претставници на владите на Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина одржаа регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во Западен Балкан. Средбата се одржа на 21 ноември во град Скопје, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Конференцијата беше организирана од Владата на Северна Македонија во соработка со Светска банка. На настанот се дискутираше за прашања, решенија и можности за финансирање на проекти. Учесниците разгледаа добри практики од ЕУ, како и од други земји, како Индија и Кина.
Шведскиот производител на бојлери, Nibe Industrier станува сопственик на фабриката за домашни уреди на Gorenje во Србија. Износот на зделката не е обелоденет. До сега Gorenje беше присутен во Србија преку својата подружница Gorenje Tiki која управуваше производствено претпријатие во град Стара Пазова. По стекнувањето на фабриката, Nibe Industrier стана сопственик на брендот уреди за греење Tiki. Преку зделката шведскиот производител има за цел да ја консолидира својата пазарна позиција во Европа и да го зголеми својот производствен капацитет.
Романската компанија Valtryp, специјализирана за производство на автомобилски волани, отвори нова фабрика во Индустрискиот парк Eurobusiness II во град Орадеја, Романија. Компанијата зафаќа површина од 7000 метри квадратни. Вкупната цена на проектот е 2,44 милиони евра, дел од нив се кофинансирани од фондови на Европската унија. Градежните работи на новата фабрика започнаа во март 2018 година, а официјалното отворање на објектот, што се случи неодамна, се совпадна со 25-годишнината од создавањето на компанијата Valtryp.
SeeSUSTAINtec е нова бизнис платформа во Бугарија и Југоисточна Европа за промовирање на иновации и знаења во сферата на одржливите решенија. Саемот и паралелниот форум ќе се одржат од 7 до 9 април 2020 година во град Софија, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од организаторот Виа Експо. Обединувајќи три настани со повеќе од 14 години историја: ЕЕ и ОИЕ (Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија), Save the Planet (управување со отпад и рециклирање), Smart Cities (паметни градови), Виа Експо го проширува опсегот на настанот со нов фокус.
Помеѓу 8 и 10 ноември 2019 година се одржа 13-то издание на Freja Forum во град Скопје, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Главната тема на настанот беше демократијата и праведната дигитална иднина. Програмата на настанот вклучуваше теми поврзани со дигиталната трансформација на Европа, улогата на мажите и жените во современиот дигитален свет, развојот на технологијата во медицината, користењето на вештачка интелигенција за намалување на климатските промени, сајбер безбедност и многу други.
Српската влада потпиша Меморандум за разбирање со кинеската мултинационална технолошка компанија Huawei за разработката на платформа за вештачка интелигенција (AI). Проектот ќе добие грант од 11,7 милиони евра од Кина. Huawei ќе обезбеди облачна инфраструктура до Државниот центар за податоци во град Крагуевац, каде ќе се разработува AI платформата. Проектот ќе овозможи создавање на најсовремени услуги за електронска влада, засновани врз употреба на вештачка интелигенција.