Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Значителен напредок во енергетската транзиција постигнува Wilo Group со отворањето на водородна централа

09 december 2022

In Bulgarian

 

„Германската технолошка компанија Wilo, специјализирана за пумпни решенија, официјално отвори водородна централа во своето седиште во Дортмунд. Церемонијата се одржа во рамките на меѓународната индустриска конференција што се одржа во Wilo Park. Работата на овој проект во соработка со француската електро - инженерска компанија Schneider Electric е важен чекор во остварувањето на целите на Парискиот договор за климатските промени“, соопштија од Вило, подружница на Wilo во нашата земја. Balkanengineer.com ќе ве запознае со деталите за овој клучен настан во светлината на еден алтернативен пристап за решавање на денешните енергетски предизвици.

 

 

За зелените водородни системи

 

„Нашето општество има потреба од зелена енергија во сите сфери на животот“, изјави за време на настанот г-дин Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group. Двајцата со Жан-Паскал Трикоар, претседател и извршен директор на Schneider Electric, потпишаа меморандум за разбирање во кој компаниите договорат стратешко зајакнување на заедничката соработка. „Со оваа централа ги поставуваме темелите за неутрална, децентрализирана ОИЕ мрежа за снабдување и демонстрираме како индустриските компании можат да дадат значаен придонес за одржливост и зачувување на климата преку перспективни иновативни технолошки решенија“, продолжи г-дин Хермес.

 

Производството на водород од зелена енергија, како што се фотоволтаици или ветерни системи, е јаглеродно неутрален процес и овозможува складирање и транспорт. Дополнително, се нагласува дека неговата молекула има значителен капацитет за складирање на сончевата енергија, при што еден тон може да складира 33.330 kWh. Ова е еквивалентно на годишната потрошувачка на 11 домаќинства со три лица од стандарден станбен блок. Централата во Wilo Park може да складира 520 килограми водород во резервоар од 29,8 метри. Таа се состои од четири главни компоненти: фотоволтаичен систем на покривот на Паметната фабрика (Smart Factory), електролизер (испорачан од Enapter), резервоар за складирање на водород и горивна ќелија (со испорака од Proton Motor). Електролизерот ги разложува молекуларните компоненти на водата (H2O) на водород (H2) и кислород (O).

 

 

Сериозен придонес за заштита на климата „Made in Dortmund“

 

Новото стратешко партнерство помеѓу Wilo и Schneider Electric има за цел да ја олесни транзицијата кон еколошка водородна технологија. Долгорочната цел е Wilo да стане глобален фактор за создавање, складирање, дистрибуција и употреба на климатски неутрален водород.

 

Во моментов, двете партнерски компании планираат сериско производство на зелени водородни системи за децентрализирано снабдување со енергија за индустриски и приватни корисници. „Ние сме во состојба да го прошириме нашето стратешко партнерство со Wilo Group. Со фабриката за водород и нејзиното производство, имаме за цел да снабдуваме чиста, ниско јаглеродна енергија со подобрена ефикасност за одредени сектори: логистика, центри за податоци и индустриски мали и средни претпријатија“, објасни Жан-Паскал Трикоа.

 

Енергетските предизвици ја забрзуваат транзицијата

 

Тековните енергетски предизвици ги поттикнуваат напорите за отворање на одржливи технологии. Wilo со децении ја реализира енергетската транзиција со ефикасни производи и решенија. Како лидер во иновациите во индустријата, компанијата отсекогаш ја играла улогата на пионер во областа на енергетската ефикасност.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: 00359 2 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: 00389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »