Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Етаблираниот европски производител Теси избра роботи на FANUC за оптимизација на своите производствени процеси

16 march 2024

In Bulgarian  In Albanian

 

Теси е водечки европски производител на електрични бојлери, бојлери со индиректно загревање и апарати за загревање на домот. Компанијата е дел од Фикосота Холдинг и ужива завидна репутација како четврти по големина производител во Европа на апарати за загревање и електрични бојлери со капацитет од 1,2 милиони бојлери годишно. „Нашата заедничка работа со Теси има долгогодишна историја, при што производите на FANUC се користат во две главни области: производство на пластични производи и индустриска роботизација“, коментираа од FANUC.

 

 

Првично од Теси купуваат и пуштат во употреба две машини за вбризгување FANUC ROBOSHOT за производство на пластични компоненти вградени во финалните производи. „Пред да ги набавиме овие машини, имавме можност да извршиме тестови со наши инструменти во централата на FANUC во Луксембург. По одличните резултати од овие тестови, инвестиравме во две целосно електрични машини за вбризгување FANUC ROBOSHOT α-S300 iA со сила на затворање од 350 тони“, се сеќаваат во Теси. После неколку години работа, резултатите се многу подобри од очекуваните врз основа на информациите од прелиминарните преговори со FANUC. „Теси драстично ги намали трошоците за потрошувачка на електрична енергија и го зголеми својот производствен капацитет во споредба со сличната опрема што ја користеше дотогаш“, објаснија од FANUC.

 

Втората главна област во која работи Теси заедно со FANUC е индустриската роботизација. Специјалисти од компанијата поминаа специјализирана обука во FANUC за да можат што побрзо да бидат интегрирани  роботизираните системи на брендот. „Ова не прави исклучително флексибилни и брзи во извршување на проектите во производствена средина. Со поддршка на колегите од FANUC, изградивме сопствен центар за роботи, во кој обучените специјалисти на Теси интегрираат различни решенија за роботизација и автоматизација. Поседуваме и роботизирана ќелија за обука со роботи FANUC каде се остварува обуката на различни наши специјалисти и оператори“, изјавија тие.

 

Операции кои се роботизирани со помош на роботи FANUC се заварување, сечење и манипулација со различни компоненти и алатки. Целта на Теси не е да го намали својот персонал преку примена на роботи, туку да ја направи работната средина попривлечна за операторите, да ги олесни процесите и како целина да ја зголеми ефикасноста на производството.

 

 

„Во моментов во производството на Теси користиме три марки на индустриски роботи, за кои нашите вработени се обучени. Со FANUC работиме веќе 9-10 години на полето на роботизацијата и досега не сме имале потреба од сервисна интервенција поради дефекти, иако најголемиот дел од роботите се во 24-часовен режим на работа, 5 до 7 дена во неделата“, истакнаа исто така од Теси.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 22 january 2025GreMa 3D: Интраоралните 3D скенери на Denpark со вештачка интелигенција се следната фаза во развојот на технологиите за дентална

    „Дел од портфолиото на компанијата Denpark се интелигентни интраорални скенери базирани на вештачка интелигенција, што со право може да се сметаат за револуционерно дигитално решение за денталната индустрија“, изјавија за BalkanEngineer.com од фирма GreMa 3D, која е официјален партнер на високотехнолошкиот производител Suzhou Denpark Tech.

  • 21 january 2025KMT Сервиз: Лазечките системи Zikmund обезбедуваат флексибилност што овозможува испитување на секакви цевководи

    Освен системот за испитување на мали цевководи TechWorm, чешката компанија Zikmund electronics нуди во своето портфолио и лазечки системи, погодни за сите видови на цевководи, кои притоа се одликуваат со исклучителна флексибилност. „Лазечките системи со бренд Zikmund се модулни и нивните компоненти се взаемно заменливи, што овозможува да се постигнат различни конструкции, кои одговараат на потребите на соодветната примена. Освен тоа, тие се наменети да издржат при тешки работни услови и се мобилни, што значително ги олеснува активностите на операторите“, објаснија за BalkanEngineer.com од КМТ Сервиз.

  • 21 january 2025Лазатек: Филтер за маслена магла FX6000 на Filtermist ги отстранува водните пареи од системи за перење на детали

    Filtermist испорача високотемпературна, отпорна на корозија верзија на својот добро познат филтер за маслена магла во примена за брзо отстранување на водните пареи од моќни системи за перење на детали на етаблираната компанија Clean-Tek. Машините за перење и обезмастување Clean-Tek се дел од производствената палета на Wheelabrator Group, глобален производител и снабдувач на опрема за подготовка на површините на метални детали. Clean-Tek нуди разновидна палета на опрема за чистење, обезмастување и ултразвук, почнувајќи од економични мали модели до машини со голем капацитет за употреба во автомобилската, воздухопловната и многу други индустриски гранки.

  • 20 january 2025Инженеринг ЕАД: Извршивме целосна електрична изградба на високотехнолошката фабрика за електрични елосипеди E-Velox

    Фабриката за електрични велосипеди E-Velox, чија активност започна во 2023 година, е дел од структурата на првата бугарска компанија за производство на електрични велосипеди. Во изградбата на објектот учествуваше и компанијата Инженеринг ЕАД како подизведувач на електричниот дел од проектот. „Објектот е нова високотехнолошка фабрика на компанијата инвеститор Лидер 96 за производството на електрични велосипеди. Фабриката е сместена во индустриската зона на град Куклен, во близина на Пловдив“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 20 january 2025Филкаб Солар: Врз основа на нашето богато искуство, можеме да понудиме персонализирани решенија во енергетскиот сектор

    Филкаб Солар е водечка компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија во секторот на обновливата енергија, со посебен фокус на сончевата енергетика. Компанијата е дел од бизнис групацијата Филкаб, која има над 25 години искуство во енергетскиот сектор. Нејзиното седиште се наоѓа во Пловдив и вклучува неколку специјализирани компании како што се Филкаб Солар, Инженеринг и Филкаб Фајар Системс, кои обезбедуваат експертиза во различни сегменти од индустријата. Филкаб Солар нуди проектирање, набавка на материјали, изградба и одржување на фотонапонски системи за различни намени, вклучително мрежни, автономни и хибридни соларни системи. „Учествуваме во проекти како во земјата, така и во странство, при што нашиот фокус е на обновливата енергија и поконкретно фотонапонските системи“, коментира за BalkanEngineer.com г-дин Слав Ландов, управител на Филкаб Солар.

  • 17 january 2025Со реплицирани контролни уреди од Rochester, производител од воената индустрија успева да избегне скап редизајн

    Интегрирањето на неоригиналните полупроводнички компоненти во критични системи носи сериозни ризици. Ова особено важи за индустриски сектори, како што е воената индустрија, каде што безбедноста на луѓето е од огромно значење и во голема мера зависи од правилното функционирање на уредите. Документирани се бројни инциденти, предизвикани токму од лошата работа на фалсификувани полупроводници, кои предизвикуваат сериозни дефекти и проблеми со здравјето и безбедноста на луѓето.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »