In Albanian In Bulgarian
Што се случува со апаратите, машините и алатите кои се расипуваат или престануваат да функционираат? Откако ќе им истече гарантниот рок, вообичаениот одговор е да ги исфрлите, бидејќи најчесто поправката е неостварлива или неисплатлива. Но, времињата се менуваат: Европската комисија сака да го спроведе правилото „право на поправка“ за мобилни телефони и таблети за да ги заштитува потрошувачите и да го намали отпадот. Во исто време, сè повеќе компании си поставуваат за цел да постигнат „циркуларна економија“ во која производите и суровините остануваат во употреба што е можно најдолго.
„Додека многу компании во Европа се некаде на средина на процесот на промена, бизнис моделот на јапонскиот експерт во областа на автоматизацијата FANUC се заснова уште од основањето на компанијата на доживотно сервисирање, поправка и рециклирање. Компанијата ги конструира своите производи да бидат долготрајни и лесни за одржување. Освен тоа, FANUC управува со светска сервисна мрежа која вклучува сервисни центри и магацини за резервни делови“, коментираа од ФАНУК Бугарија.
Модернизација на постојната опрема наместо купување на нова
Квалитетот го намалува процентот на грешките
Тест центарот на FANUC во Јапонија, на пример, симулира тешки работни средини во производствените услови. Производите мора да издржат на прашина, пареа или вода, додека во исто време компанијата ги изложува каблите и цревата на екстремни стрес-тестови. Одделот за развојна активност на FANUC ги користи резултатите за континуирани подобрувања на производите, применувајќи го така наречениот „kaizen пристап“*.
Високиот степен на достапност на резервни делови исто бара внимателно планирање, дури и за време на производство на нови производствени серии. Исклучително е важно да се одреди кои и колку резервни делови ќе се потребни во иднина за да се одговори на барањата на клиентите или дури и да се обезбеди „правото на поправка“.
Висок степен на достапност на резервни делови
Рециклирањето и долгорочното планирање на залихите на резервни делови имаат ефект: „Имаме 99,96% од сите резервни делови што им се потребни на нашите сервисни техничари низ цела Европа“, коментира г-дин Молитор. „И ако се случи да го немаме потребниот дел на залиха, обично можеме да го добиеме од други филијали на FANUC во рамките на неколку дена“, додава тој. Клиентите можат да добијат дури 40 годишен системски софтвер на FANUC.
Забелешка на уредникот.: Буквално од јапонскиот збор „kaizen“ - подобрување. Пристап кон организација на производството заснован на постепено и континуирано подобрување на квалитетот.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC