Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Далечински мониторинг и одржување во реално време на системите за противпожарен аларм - со облачната апликација Teletek Cloud

20 february 2023

In Bulgarian   In Serbian

 

Развојот на облачните технологии овозможува незаменливи погодности и ни го олеснува животот многукратно. Така, благодарение на најновата разработка на водечкиот производител на сигнално – безбедносна и противпожарна алармна опрема Телетек Електроникс - Teletek Cloud, не само што можеме да заштедиме време, туку и да ги оптимизираме активностите за одржување на системот. „Врз основа на најсовремена технологија, апликацијата обезбедува далечински пристап, мониторинг и поддршка во реално време на сите адресибилни за противпожарен аларм системи iRIS со заштитена врска, поддржувајќи облачни функции. Тоа се  панелите iRIS8 од верзија на фирмверот 1.1.1 и понова, како и новиот iRIS4 кој на пазарот ќе биде достапен во првиот квартал на 2023 година“, најавија специјалистите од Телетек Електроникс.

 

 

„Облачната апликација овозможува во реално време да се проследи статусот на сите објекти поврзани кон системот, да се проверуваат тековни и минати настани и да се известува на мобилен уред кога ќе се појави ситуација. На овој начин од една страна гарантирате многу побрза, адекватна и ефективна реакција, а од друга страна значително ќе го намалите времето и напорот потребни за одржување на инсталацијата за известување во случај на пожар“, коментираа од компанијата.

 

Основни функции и карактеристики на Teletek Cloud:

- Далечински пристап, следење и одржување на сите поврзани iRIS адресибилни системи за противпожарен аларм со Cloud функции;

- Управување со многу различни објекти од една точка;

- Тековна проверка на состојбата на системот – состојба на јамка, зона и уред; активирање на состојба на влезно/излезни модули;

- Испраќање пораки на телефонот во реално време;

- Испраќање е-пошта при настанување на пожар, оштетување и предупредување;

- Геолокација со Google Maps;

- Поддршка за повеќе корисници со различни нивоа на пристап;

- Лесен за користење, интуитивен интерфејс.

 

 

Од видеото за обука подолу, можете да дознаете како бесплатно да се регистрирате за облачна апликација на Телетек Електроникс и да ги искористите сите приедности што ги нуди!

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: 00359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »