Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Висока прецизност, ефикасност и оптимални инвестиции во обработка на метали со хибридните машини на РАИС

18 march 2022

In Bulgarian In Serbian

 

Водечката бугарска компанија за машиноградба РАИС на читателите на BalkanEngineer.com им ги презентира своите хибридни решенија за оптимизација и автоматизација на работните процеси. Машините се применливи за производство на делови кои се со различни форми и сложеност, кои бараат оптимизирани инвестиции во ресурси, време и опрема. Производствената листа на РАИС има различни типови на CNC машини за глодање и дребонзи, триаксијални центри, центри со пет оски, хоризонтални центри за обработка, дребонзи со едно вретено и со две вретена.

 

 

Хибридна машина за обработка RAIS T250MY

 

„Хибридната машина за обработка се состои од CNC центар за обработка со глодање и  стругање со 4 оски на управување и робот за наслојување на материјал FANUC ARC Mate 100iD. Проектирањето и реализацијата на CNC дребонгот RAIS T250MY со робот за заварување подлежат на барањата за оптимизација на трошоците на производствениот процес“, изјави раководителот на тимот кој го разработил роботизираниот комплекс, инж. Георги Миразчиев од РАИС.

 

 

Вертикален центар за обработка RAIS M800

 

Вертикалниот центар за обработка M800 на РАИС е наменет за различни операции на сечење метал на делови со средна големина, изведени со големи брзини на сечење и додавање. Машината има двостепен менувач со закалени и полирани запчаници и се карактеризира со низок шум на работа и висок вртежен момент.

 

„Како докажана европска компанија за производство на нови машини за сечење и обработка на метал со дигитално програмско управување (CNC), се стремиме да обезбедиме сеопфатни решенија. За нашите клиенти и партнери обезбедуваме консултации, испорака, процени на времето на производство, стартување, обука и постпродажен сервис на сите видови CNC машини за сечење на метали. Покрај нив вршиме целосна преработка, поправка и модернизација на машини, вклучително и на хоризонтални и вертикални центри“, додадоа уште од компанијата.

 

 Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјали: РАИС, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »