Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Виното оживува во музејот Cité du Vin. Удобноста на гостите е гарантирана со решенијата на Oventrop

26 june 2020

In Bulgarian

 

Седми најдобар музеј во светот според National Geographic, тој е магнет за туристи, тој е отворена врата кон светот на виното! Денес ќе ви раскажеме за Cité du Vin (Град на виното). Сместен во срцето на винарскиот регионот Бордо, Франција, музејот е место каде виното оживува преку сетилни, сеопфатни атракции, импресивна природа и фасцинантна архитектура. Оптималната микроклима во зградата придонесува за целокупното чувство, благодарение на решенијата на докажаниот европски производител Oventrop. Еве што друго им раскажаа на BalkanEngineer.com од канцеларијата на Oventrop во Бугарија.

 

 

Cité du Vin комбинира парк и кула со висина од 55 м и површина од над 13 000 метри квадратни. Гостите можат да се потопат во винската култура на 10 нивоа, при што им стојат на располагање музеј, бар за вино и предјадења, винарска визба и многу повеќе атракции.

 

„Архитектурата на зградата е „патување“сама по себе - секој детаљ симболизира елементи од душата на винската култура. Надворешната фасада, покриена со 650 стаклени панели и 2 500 алуминиумски панели, е инспирирана од пенливо вино во чаша“, раскажаа од Овентроп.

Од самиот почеток, архитектонската фирма XTU се обидува да го намали влијанието на зградата врз животната средина на апсолутен можен минимум. Како резултат, 70% од енергетските потреби на La Cité du Vin се покриени од локални, „зелени“ енергетски извори.

 

 

Но, што се случува во зима кога зградата треба да се загрева?

 

„Современиот систем за греење обезбедува удобност на посетителите и оптимална температура во зградата дури и во студено време. Управувањето на инсталацијата се остварува со помош на независните од притисок контролни вентили Cocon QTZ на Oventrop, кои гарантираат правилна дистрибуција на грејната течност“, посочија од Овентроп. „Сите вентили во Cité du vin се опремени со електронски погони кои ја одржуваат собната температура на потребната вредност во секое време. На овој начин, ефикасното користење на енергијата со помош на вентилите Cocon QTZ овозможува намалување на трошоците за енергија“, објаснија уште од бугарската компанија.

 

Oventrop GmbH & Co. KG

Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија

Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg


Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG, ОвентропCité du vin

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »