In Bulgarian
„Енергетската транзиција може да се постигне само преку технолошки иновации и ние сме убедени во тоа“, со овие зборови г-дин Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group, ја резимира позицијата на корпорацијата во однос на трендовите за висока ефикасност и одржливост на новите технологии. Компанијата е глобален лидер во производството на пумпи и пумпни решенија за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажни води со повеќе од 150 годишна историја. „Саемот ISH 2023 беше повод уште еднаш да ја докажеме нашата водечка улога и да ги запознаеме посетителите на форумот со забележливите достигнувања во новите технологии“, раскажаа од подружницата на концернот.
Оваа година, ISH 2023 стави фокус на флексибилните решенија за достигнување на современите еколошки цели во градежниот сектор. „Компанијата Wilo отсекогаш била авангарда на енергетската ефикасност, а водородната централа H2Powerplant, како решение на иднината, е меѓу најимпресивните докази за тоа. Сега е редот на политичарите да изработат соодветна правна рамка за регулирање на овие иновации. Ова е единствениот начин заедно да ја создадеме иднината на енергетскиот сектор“, нагласи г-дин Хермес.
Светскиот саем собра експерти, политичари и јавни личности од областа на климатизацијата и секторот за вода. Компанијата Wilo беше меѓу 2.000 изложувачи од 54 земји кои му се приклучија на форумот, а технолошките решенија кои беа претставени се одговор на зголемените еколошки барања.
Техничките решенија претставени од Wilo во Франкфурт се проектирани и произведени за да одговорат на предизвиците на модерното управување со згради. Меѓу нив беа: Wilo-Stratos GIGA2.0-I – интелигентна пумпа за примена во климатизацијата на големи згради, системот за циркулација на вода за пиење Wilo-SiFresh со постојано следење на температурата и други. Голем интерес кај посетителите на ISH 2023 предизвика и водородниот систем H2Powerplant, разработен од Wilo во технолошко партнерство со Schneider Electric, Enapter и Proton Motor.
„Повратните информации велат дека нашите пумпи и системски решенија се целосно во чекор со нашето време. Пред изложбата се надевавме дека ќе освоиме многу партнери и клиенти за нашите производи и услуги. Нашите очекувања едноставно беа надминати во овие пет мошне успешни дена“, категоричен е во својата проценка Торстен Грутер, комерцијален директор на Wilo за Германија.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +359 2 312 2058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 20 5297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo