In Bulgarian In Serbian
Водечкиот производител на светскиот пазар, Телетек Електроникс, специјално подготви за своите клиенти видео за обука посветено на пуштање во работа и штелување на адресибилните системи за противпожарен аларм на компанијата. „Не пропуштајте да ги видите нашите нови видеа за обука од кои можете да дознаете повеќе за нашите адресибилни системи за противпожарен аларм. Преку нив ќе ви помогнеме полесно да ги поврзете и управувате моделите на адресибилни системи за противпожарен аларм на Телетек Електроникс“, соопштија од производствената компанија.
Новите видео материјали на компанијата упатуваат на различните методи на адресирање на панелите за противпожарен аларм iRIS на Телетек Електроникс, вклучително рачно програмирање, самостојно адресирање, автоматско адресирање, опции за промена и штелување на адреса.
„Методите за адресирање на уредот главно зависат од конфигурацијата на системот, карактеристиките на инсталацијата, како и од сопствените преференции на инсталаторот“, објаснија од компанијата.
Во видеото може да се најде информации за штелување на адреса со програмерот SensoIRIS - уред за програмирање на адреси за уреди за противпожарен аларм и модули од серијата SensoIRIS кои поддржуваат TTE протокол за комуникација. Програмерот SensoIRIS чита и запишува адреси на уредите и ги програмира нивните параметри, а во нивните видеа за обука, специјалистите на Телетек Електроникс чекор по чекор објаснуваат како да се направи сето ова.
Видеото открива повеќе поединости за процедурите за самостојно поставување на адреса и автоматско поставување на адреса со помош на iRIS адресибилен панел за противпожарен аларм. Инсталаторот исто така може да најде јасни упатства што се потребни за менувањето и штелувањето на адреси.
iRIS панелите на Телетек Електроникс се адресибилни панели за противпожарен аларм од најновата генерација, дел од комплетното портфолио на компанијата. Во зависност од моделот, тие овозможуваат интеграција на четири или осум кружни експандери во еден систем, што ги прави погодни за примена како во мали, така и во многу големи згради и инсталации.
iRIS панелите користат LAN или редундантна (RS485) врска, што овозможува поврзување до 64 панели во мрежа. Системот исто така го поддржува протоколот ModBUS, кој овозможува интеграција со автоматизираниот систем за управување со зграда (BMS) за создавање на т.н. „паметни згради“.
|
Можете да ги најдете сите видеа за обука на YouTube каналот на Телетек Електроникс ТУКА!
Телетек Електроникс
Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А
Телефон: +359 2 969 4800
E-mail: info@teletek-electronics.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Телетек Електроникс (Teletek Electronics)