Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Вебер Етикетен: Решенијата на Weber Marking Systems гарантираат сигурна идентификација и лесно проследување на палети

23 march 2024

In Bulgarian  In Romanian  In Albanian  In Serbian

 

Развојот на технологиите за обележување ја опфаќа и идентификацијата на производите, а средствата за обележување како и начините за кодирање на информациите се усовршуваат секојдневно. „Идентификацијата и спроследувањето на палети се критични аспекти за обезбедување на оперативна ефикасност и задоволување на клиентите во различни индустрии, меѓу кои се прехранбената, фармацевтската и логистикта. Потрошувачите се повеќе се заинтересирани за составот, складирањето и употребата на стоките што ги купуваат, од потеклото на суровините, дури и за синџирот на испорака“, коментираа за BalkanEngineer.com од Вебер Етикетен, докажана производствена и трговска компанија во сферата на обележувањето и проследувањето на производи.

 

 

Идентификацијата на палетите се заснова на повеќе стандарди, вклучително и на оние одредени со глобалните стандарди за баркодови GS1, кои го користат баркодот SSCC (сериски код на контејнер за испорака). Секоја палета де нуди со етикета која содржи важни податоци како сериски број, опис на содржината и други важни информации за проследување. Етикетите треба да бидат изработени од цврсти и издржливи материјали кои можат да ги издржат условите во средината на магацинот. Изборот на сигурна технологија за печатење и читање на баркод исто е од битно значење. Во дополнување на баркодовите,  RFID  технологијата е друго решение за автоматска идентификација на палети.

 

Еден од главните предизвици во етикетирањето на палети е да се гарантира дека етикетата е правилно поставена за да се олесни автоматизацијата на логистичките процеси и правилното читање на баркодовите кои се печатени на неа. За правилната интерпретација  на информациите содржани на етикетата, печатените баркодови треба да бидат во согласност со GS1 стандардите.

 

„Како одговор на овие предизвици, инженерите на Weber Marking Systems разработија машини за етикетирање како што е Legi-Air AP182, кои се одликуваат со многу висока ефикасност на печатење и автоматско нанесување на етикети на една, две или три страни. Тие се проектирани да се адаптираат на линии со високи брзини и индустриски средини со неповолни климатски услови за етикетите“, информираа од Вебер Етикетен Бугарија.

 

 

Еволуцијата на машините на крајот од линијата и различните можности за транспорт се предуслови што доведоа до различни варијанти за палетизација. Со појавата на варијации се појавуваат и нови предизвици, за кои Weber Marking Systems исто нуди решение. Системот за откривање на палети (PDS), на пример, е софтверско решение за побрзо и целосно автоматско откривање на палети.

 

Веб-страницаwww.weberetikettenbg.com

Адреса: Бугарија, село Мердања 5147, општина Лјасковец, област Велико Трново ул.„Христо Ботев“ бр.27

Телефон: +359 884 775 556; +359 887 761 142

Е-поштаorders@weberetikettenbg.com 

 

 

Извор на фотографии: Вебер Етикетен, Weber Marking Systems

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »