In Bulgarian.
Водечкиот телекомуникациски оператор на Балканот Булгартел успешно реализираше проширување на својата DWDM мрежа, со што компанијата веќе им обезбедува на своите клиенти услуги за пренос на податоци со капацитет Nх100 Gbps, објавија за BalkanEngineer.com од Булгартел Скопје ДООЕЛ. Сите услуги што ги обезбедува операторот се во согласност со меѓународните препораки и стандарди на ITU и MEF.
Обемното портфолио на модерните телекомуникациски оператор е презентирано со стандардни производи; национални, меѓународни и транзитни врски; нестандардни решенија ориентирани кон клиентот; пакет услуги и многу повеќе.
„Сега имаме можност да им дадеме на сите корисници нова, ажурирана DWDM мрежа и пренос на податоци од 100 Gbps ламбда. Некои од нашите клиенти веќе користат услуги за пренос на податоци со капацитет Nх100 Gbps во земјата и во странство“, појаснија од Булгартел Скопје. „Реорганизираната преносна мрежа ќе ја покрие потребата од сигурни високобрзински и уникатни патеки во насока Балкан - Западна Европа и ќе одговори на растечките потреби на клиентите“, изјавија уште од компанијата.
Во моментов, компанијата Булгартел реализирала меѓународни поврзувања на две независни патеки во насока Турција и Романија, а во насока Западна Европа се достапни четири независни патеки - две низ Романија, една низ Србија и една низ Македонија.
Булгартел ЕАД - централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б
Телефон: 00359 2 819 40 40
Е-mail: office@bulgartel.bg
Булгартел Скопje ДООЕЛ
Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2
Телефон: 00389 72 221714
Е-mail: skopje@bulgartel.bg
Извор на фото материјал: Булгартел