In Bulgarian.
Кога вашиот бизнис се развива и отворате нови канцеларии во земјата и во странство, а протокот на информации помеѓу нив, како и помеѓу вашата фирма и вашите партнери исто така се зголемува, и почнувате се почесто да размислувате за безбедноста во размената на податоци ... телекомуникацискиот оператор Булгартел нуди решение специјално за вас - пренос на податоци преку изнајмени линии и Ethernet изнајмени капацитети.
„Услугата за пренос на податоци користи Ethernet и SDH технологија за да обезбеди гарантиран капацитет, брзина и минимално задоцнување за цело време на користење на услугата од страна на клиентот“, појаснија за BalkanEngineer.com од Булгартел. Услугата е наменета за клиенти, за кои сигурноста и задоцнувањето се од суштинска важност, како и за клиенти кои обезбедуваат говорни услуги базирани на TDM.
Меѓу предностите на услугата се оптичка конекција од крај до крај, гарантиран капацитет меѓу канцелариите за цело време на користење, минимални задоцнувања и транспарентност на протоколот. Средината на пренос е Ethernet, SDH и DWDM. Услугата е резервирана во мрежата на Булгартел и во локалниот дел при постоење на техничка можност и барање на клиентот.
Од компанијата гарантираат сигурен брз пренос на податоци до 10 Gbps и работа со широк спектар на интерфејси.
Повеќе информации за решенијата понудени од Булгартел Скопје можете да добиете од професионалците на компанијата на телефон: +389 72 221714 или на e-mail: skopje@bulgartel.bg.
Извор на фотографии: Булгартел Скопje; all-free-download