In Bulgarian
Рудникот за бакар во полскиот град Рудна, отворен во 1974 година, е најголемиот и најпрофитабилниот рудник во полскиот бакарен појас. Тој е во сопственост на компанијата Gorniczo-Hutniczy-Polska Miedz, која во моментов работи под трговското име KGHM. Основана на 1 мај 1961 година првично како рударско-металуршки комбинат, денес компанијата се етаблира како една од водечките во меѓународен план во областа на рударството и преработката на благородни метали.
Капацитетот на системот за ладење на рудникот изнесува 16 MW, а неговото хидраулично израмнување се остварува преку биланс вентили Oventrop Hydrocontrol VFC/VTR, соопштија за BalkanEngineer.com од Овентроп Бугарија.
Во 2014 година инженеринг компанијата M + W Polska Warszawa го модернизира рудникот до еден од најмодерните од ваков вид со над 4500 вработени. KGHM инвестира 140 милиони евра за зголемување на капацитетот за производство на руда до околу 12 милиони тони. Поголемиот дел од инвестицијата е вложена во изградба на систем за вентилација и ладење со огромна моќност за рударските галерии, кои се наоѓаат на 1250 метри под морското ниво.
Електричната енергија потребна за работата на системот за ладење се генерира од природен гас. Системот за ладење импресионира со своите димензии. Комплексните цевководи имаат исклучително големи дијаметри. Тие ги оладуваат и вентилираат работните места на рударите кои се наоѓаат толку длабоко. Капацитетот за ладење на системот изнесува 16 MW.
За доброто хидраулично израмнување на различните делови од цевководната мрежа на системот за климатизација се користат двонасочни биланс вентили Hydrocontrol VFC/VTR на Oventrop. Тие се монтирани на цевката за довод или враќање. Вентилите на докажаниот европски производител го одржуваат пресметаниот волуменски проток на константно ниво длабоко под површината.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Претставување Oventrop Бугарија и Република Македонија
Адреса: бул. Др. Г.М. Димитров 62, Софија 1172
Телефон/факс: 00359 2 961 57 10
E-mail: mail@oventrop.bg
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Oventrop GmbH & Co. KG KG, Овентроп, KGHM