Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Автоматизацијата со роботи на FANUC се докажа како правилниот „лек“ за фармацевтската компанија DEMO

11 april 2024

In Bulgarian In Albanian

 

 

 

Компанијата DEMO е еден од најголемите производители на фармацевтски производи во Грција. За да се зголеми ефикасноста и продуктивноста, негјзиното раководство одлучи да ги автоматизира операциите на товарање и истовар на пластичните пакувања и кеси за време на нивната стерилизација. Поради суштествените разлики во обработката на транспортните тави, кесите и пакувањата, за компанијата беше јасно дека ќе им требаат различни големини и типови на роботи. „DEMO се свртува кон SABO, негов долгогодишен партнер за автоматизација и роботика во производството, кој е снабдувач и инсталатер на индустриските решенија на FANUC. За роботизираната автоматизација на DEMO се испорачани вкупно осум роботи од четири различни модели на FANUC“ раскажаа за BalkanEngineer.com од локалната канцеларија на FANUC, која ги нуди сите производи и решенија на компанијата, како и извршува сервисни активности поврзани со нив на територијата на Бугарија, Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар.

 

 

„Имплементацијата на овој исклучително успешен систем за автоматизација им овозможува на производствените капацитети во DEMO да работат во режим 24/7 без прекин. Освен тоа, продуктивноста е значително зголемена и трошоците за работа се намалени, при што на персоналот за одржување му е презентиран флексибилен и лесен за користење оперативен интерфејс, како и модерна и ергономска работна средина“, објаснија од FANUC.

 

Создадена во 1965 година, грчката компанија DEMO, со седиште во предградијата на Атина, произведува и дистрибуира фармацевтски производи. Денес таа располага со 66.000 квадратни метри производствен простор и персонал од 1.300 вработени, што ја претвора во важен фармацевтски производител со многу силно присуство во болничкиот сектор. DEMO е водечкиот производител на раствори за инјектирање во Грција и официјален испорачувач на многу меѓународни организации. „Компанијата испорачува препарати за инјектирање во различни категории, извезувајќи го своето производство во 85 земји во целиот свет. Тоа значи дека болниците и другите медицински организации ширум светот сметат на DEMO да ги обезбедува навреме потребните лекови, притоа истовремено одржувајќи ги највисоките стандарди за квалитет“, коментираа од FANUC.

 

 

Имајќи ги предвид овие реалности, DEMO ја разгледува автоматизацијата како една од нејзините најиновативни и успешни деловни стратегии. Со текот на годините, компанијата автоматизираше голем број линии за производство и пакување, повеќето со помош на својот долгогодишен партнер за индустриска опрема SABO.

 

„Го избравме системскиот интегратор SABO за нашиот нов проект за автоматизација поради нивното искуство во оваа област и затоа што користи роботи на FANUC“, објаснува Аргирис Лелос, технички директор на DEMO. „Ние ги претпочитаме роботите на FANUC и до денес имаме автоматизирано четири производствени линии со вкупно 12 роботи на FANUC“, додава уште тој.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: FANUC

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »