Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

  • 28 august 2023Hessen Refrigeration отвора фабрика за производство на опрема за ладење во Стара Пазова, Србија

    Hessen Refrigeration планира да изгради нов деловен и производствен капацитет на два ката (вклучително приземје) во Стара Пазова, Србија, дозна BalkanEngineer.com од Serbianmonitor.com. Според проектот, кој општина Стара Пазова го испорача за јавна презентација, се предвидува изградба на фабрика за производство на опрема за ладење, деловен објект и магацин. Hessen Refrigeration е регистрирана во српската агенција за трговски регистри во февруари оваа година и произведува опрема за ладење и климатизација за индустриски цели.

  • 23 august 2023Костал Македонија донираше компјутерска опрема на охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“

    Како општествено одговорна компанија и признат лидер со напредни технолошки процеси во производството на делови за премиум брендови на автомобили, Костал Македонија продолжува со своите активности за поддршка на средните училишта во Охрид, Северна Македонија, се информира BalkanEngineer.com од Ohridnews.com. Овој пат усилбите на Костал Македонија, дел од групацијата Kostal, се насочени кон подобрување на квалитетот на образованието од областа на природно – математичките науки во охридската гимназија ОСУ „Свети Климент Охридски“.

  • 21 august 2023Белгиската компанија ABEE ќе гради фабрика за автомобилски батерии во романскиот град Галаци

    Белгиската компанија Avesta Battery and Energy Engineering (ABEE) ја објави својата намера да изгради фабрика за производство на литиум-јонски батерии за автомобилската индустрија во град Галаци, Романија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Вкупната вредност на инвестицијата се проценува на 1,4 милијарди евра. Градот има население од околу 250 илјади луѓе и се наоѓа во близина на границата со Молдавија и Украина. За реализација на фабриката Ромволт во Галаци предвидено е финансирање од инвестициските банки и романската влада, иако точниот износ на државната помош останува непознат.

  • 18 august 2023Индустриското производство во Сев. Македонија во јуни порасна за 3,7 отсто на годишна основа

    Индустриското производство на Северна Македонија во месец јуни годинава во однос на јуни минатата година е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари-јуни 2023 година во однос на истиот период лани е забележано зголемување од 1,5 отсто, дозна BalkanEngineer.com. од Sitel.com.mk. Разгледувано по сектори, индустриското производство во сектор „Рударство и вадење на камен“ во јуни 2023 година во однос на јуни 2022 година бележи опаѓање од 1,6%, додека во секторите „Преработувачка индустрија“ и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се набљудува пораст соодветно за 1,4% и 39,9%.

  • 15 august 2023Белгиската компанија Jaga за опрема за ГВК ќе гради фабрика и R&D центар во Србија

    Белгиската компанија Jaga, која е популарен производител на опрема за климатизација и радијатори, ќе отвори производствена база и центар за истражување и развој во индустрискиот парк MIND во Крагуевац, Србија, се информира BalkanEngineer.com од Serbianmonitor.com. Jaga е една од најиновативните компании во својот сегмент и работи во 35 земји во светот. Компанијата ќе вработи српски инженери за својот нов објект во Србија. Благодарение на соработката на Трговско-индустриската комора на Србија и инвестициската групација East West Valley, по Jaga, Србија очекува во земјава да дојдат и други инвеститори, при што некои веќе ги објавија своите намери.

  • 14 august 2023Албанското производство на Coca-Cola бележи 18% поголема нето добивка во 2022 година

    Лоцираната во Албанија Coca-Cola Bottling Shqiperia (CCBS), единица на италијанската Societa Imbottigliamento Bevande Gassate S.I.BE.G, пријави зголемување од 18% во својата нето добивка до 823 милиони леки (8,7 милиони долари/7,9 милиони евра) во 2022 година, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Приходите од продажба на компанијата скокнаа за 20 % на 5,1 милијарди леки во 2022 година, додека производствените трошоци се зголемија за 27 % на 3,2 милијарди леки, се вели во финансискиот извештај на CCBS, регистриран во онлајн бизнис-регистарот на земјата. Трошоците за дистрибуција изнесуваат 790 милиони леки во 2022 година во споредба со 760 милиони во претходната година.

  • 09 august 2023Албанија објави тендер за физибилити студија за изградба на железничката делница Драч - Приштина

    Албанскиот државен железнички оператор Hekurudha Shqiptare објави отворање на тендер за физибилити студија за изградба на железничка пруга што ќе го поврзува јадранскиот пристанишен град Драч со главниот град на Косово, Приштина. Ова го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Проектот со проценета вредност од 200 милиони леки (околу 2,1 милион долари или 2 милиони евра) предвидува реализацијата на физибилити студија за остварување во рамките на 14 месеци, објави компанијата во тендерската документација објавена на веб-страницата на албанската агенција за јавни набавки.

  • 07 august 2023Германската софтверска групација SAP отвора центар за дигитални иновации во Букурешт

    Германската софтверска групација SAP го отвори својот прв дигитален центар за иновации во Букурешт, наречен SAP Labs Site, кој има за цел да придонесе за проширување на портфолиото на производи и услуги на компанијата. Ова го дозна BalkanEngieer.com од Romania-insider.com. Центарот во Букурешт е дел од глобалната мрежа за истражувачка и развојна активност SAP Labs Network, која ги контролира инженерските активности на компанијата. Мрежата вклучува 21 центри за истражување и развој во 17 земји, вклучително Германија, САД, Индија, Кина и Бразил. Секоја локација е фокусирана кон различни области, меѓу кои вештачка интелигенција, облачни пресметувања и автоматизација на процеси. Во мрежата работат повеќе од 40.000 луѓе.

  • 05 august 2023Schneider Electric ќе испорача опрема за надградба на електродистрибутивната мрежа во Србија

    Schneider Electric потпиша договор за испорака на среднонапонска опрема и софтвер за управување за надградба на електродистрибутивната мрежа на Србија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com. Од Schneider Electric изјавија дека техничките решенија на компанијата ќе помогнат за подобрување на среднонапонската дистрибутивна мрежа за електрична енергија на Србија. Проектот е вреден 140 милиони евра и ќе ја подобри сигурноста на мрежата со намалување на дефектите и времетраењето на прекините на електричното напојување. Ова ќе ги намали загубите во мрежата и ќе овозможи значително намалување на емисиите на CO2.

  • 02 august 2023Албанија подготвува закон за класификација на земјиштето погодно за агросоларни инсталации

    Албанија подготвува нацрт-закон за класификација на земјиштето погодно за агросоларни инсталации, дозна BalkanEngieer.com од Balkangrreennews.com. Со законот ќе се одредуваат класите на земјоделско земјиште на кои ќе биде дозволена изградба на соларни електрани без да се нарушуваат земјоделските активности. Иако општо признати како еден од најчистите извори на енергија, фотоволтаиците создаваат некои етички и економски конфликти во однос на системите монтирани на земјата. Критичарите на овој пристап укажуваат на случаи кога се загрозуваат живеалиштата и се компромитира обработливото земјиште.