-
Нов културен простор беше отворен во рамките на некогашната амблематична пирамида во Тирана, која првично била изградена како музеј посветен на комунистичкиот водач Енвер Хоџа, дозна BalkanEnigeer.com од Intellinews.com. По драматичното редизајнирање од холандската архитектонска фирма MVRDV, која ја зачува постојната бетонска конструкција, пирамидата беше претворена во голем технолошки центар. Пирамидата првпат беше отворена како музеј во 1988 година и оттогаш претрпе различни инкарнации, од радио станица и ноќен клуб до место за конференции и база на НАТО.
-
Бугарскиот производител на алуминиумска и PVC столарија и ролетни Комстил инвестира 1,58 милиони лева (851.464 долари/807.838 евра) во нов автоматизиран магацин, дозна BalkanEngiener.com од SeeNews.com. Автоматизираната магацинска база на компанијата доби документ од класа „Б“ за инвестиција од министерката за иновации и раст на земјава - Милена Стојчева. Инвестицискиот план на компанијата има за цел да обезбеди нови магацински површини и услуги за пакување и етикетирање на складираните товари, а исто така и да одговори на зголемената побарувачка.
-
Француската влада подготвува договор со Албанија за обезбедување на 600 милиони евра (633 милиони американски долари) за финансирање на проекти за зајакнување на економијата на оваа земја од Југоисточна Европа и нејзината енергетска транзиција. Ова го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. „Заедно со нашата агенција за развој AFD, сакаме да ја придружуваме Албанија во нејзините економски реформи, енергетска и еколошка транзиција“, сподели во врска со темата самиот француски претседател Емануел Макрон за време на посетата на Тирана. Франција од 2019 година финансирала проекти за енергетски и економски развој.
-
На 18 и 19 октомври 2023 година, по 11-ти пат се одржа годишната меѓународна конференција организирана од АДКОМ - Асоцијација на даватели на јавни услуги на Република Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Iawd.at. Оваа година настанот се одржа во главниот град на Северна Македонија, Скопје. Најновото издание на конференцијата АДКОМ се фокусира на паметното обезбедување на услуги од секторот Водовод и Канализација и одржливите активности на јавните друштва за комунални услуги. Целта на конференцијата „Комунални услуги во паметните градови“ е експертите од оваа област да започнат дебата на теми кои претставуваат предизвик за сите современи организации кои се стремат.
-
Второто издание на „Саем на автомобили – Албанија“ кој е најголемиот настан за љубителите на автомобили во земјава одржа во Тирана од 26 до 29 октомври 2023 година, се информира BalkanEngineer.com од БТА. Автомобилскиот форум беше место за средба на колекционери и претставници на автомобилската индустрија не само од земјава, туку и од целиот свет. Првото издание на „Саем за автомобили - Албанија“ се одржа во јуни минатата година и брзо се етаблира како важен регионален изложбен саем кој прикажува иновативни претпријатија од регионот.
-
Со зајакнување на пазарните позиции, консолидирање на портфолиото и охрабрување на потенцијалот, фармацевтската компанија од Северна Македонија Реплек продолжува да постигнува високи резултати. Компанијата од почетокот на годинава до септември остварила раст на приходите од продажба во фармацевтскиот сектор за 44% во однос на истиот период лани, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Позитивните деловни резултати регистрирани од компанијата се должат на растот на приходите од продажба во фармацевтскиот сегмент на странските пазари кои изнесуваат 52%.
-
Компанијата за обновливи извори на енергија RP Global има намера да изгради соларна централа до 100 MW со акумулаторска батерија на територијата на Сремска Митровица во Србија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Електраната ќе зафаќа речиси 201 хектари, од кои 93% се обработливо земјиште. Според планот, објектот може да се гради и како агросоларна централа. Неговиот тип ќе биде одреден за време на изработката на проектот. Треба да се потенцира дека агросоларните проекти се сè почесто среќавани во регионот.
-
Грчкиот Национален оператор за пренос на гас (DESFA) ќе ја надгледува изградбата на прекуграничниот гасовод за природен гас што ја поврзува Грција со Северна Македонија, вклучително и делницата во соседната земја, по донесување на владина спогодба потпишана во март 2021 година. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Ekathimerini .com. Договорот е потпишан во среда помеѓу DESFA и Nomagas, државната компанија за дистрибуција на гас на Северна Македонија, по добивањето на меѓународен тендер на кој учествуваа четири компании.
-
Телекомуникациските лидери Telecom Egypt и 4iG потпишаа Меморандум за разбирање за поставување на подморски кабел со висок капацитет меѓу Египет и Албанија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на 4iG. Спогодбата дозволува на 4iG Group да влезе како нов играч на пазарот за интерконтинентална инфраструктура за пренос на податоци меѓу Европа и Азија и Европа и Источна Африка. Telecom Egypt е првиот интегриран телекомуникациски оператор во Египет и еден од најголемите кабелски оператори на подморски кабли во регионот, а 4iG Plc е информативно – комуникациона компанија со седиште во Будимпешта.
-
Српскиот ланец на супермаркети Mercator-S, дел од групацијата Fortenova со седиште во Хрватска, соопшти дека планира да отвори нов логистички и дистрибутивен центар во српскиот главен град Белград во обид да ја подобри сигурноста на својот синџир за снабдување и ефикасноста на своите трговски објекти. Ова го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Mercator-S ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра (21 милион американски долари) за набавка на опрема за новиот центар и ќе вработи 500 возачи и магацински оператори. Дистрибутивниот центар кој ќе се простира на 68.000 метри квадратни е најголемата инвестиција на компанијата во последните десет години.