Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

  • 20 september 2023Албанија ќе инвестира 8,2 милиони евра во поправка на канализациониот систем на Драч

    Владата на Албанија објави дека префрлила 892,5 милиони албански леки (околу 8,2 милиони евра) на општина Драч за финансирање на трошоците за проект за рехабилитација на канализациониот систем на крајбрежниот град. Ова го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Проектот вклучува активности за обновување на инфраструктурата на одводната мрежа во реонот на Порто Романо и системот за дождовница во урбаните реони. Инфраструктурата на Драч претрпе значителни штети во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер во ноември 2019 година, што го прави реновирањето на мрежата уште поимперативно. Во 2021 година, владата рече дека ќе одвои вкупно 2 милијарди...

  • 18 september 2023Philip Morris ќе инвестира и ќе создаде нови работни места во својата фабрика во Ниш

    По повод 20-годишнината од приватизацијата на Дуванска индустрија Ниш, Philip Morris International (PMI) најави нова инвестиција вредна 100 милиони американски долари во Ниш, Србија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Serbianmonitor.com. Ова е значаен чекор кон реализацијата на основната визија на компанијата - „испорачување иднина без чад“. Со инвестицијата во фабриката во Ниш, компанијата, која досега таму произведуваше само традиционални цигари, ќе започне и со производство на нова линија на тутунски производи без чад, наменети главно за извоз. Благодарение на новиот објект ќе се отворат и околу 200 нови работни места. Со оваа инвестиција, вкупните инвестиции на Philip Morris.

  • 15 september 2023BMZ Group гради нова фабрика за батерии во Северна Македонија со 775 работни места

    Германскиот производител на батерии BMZ Group ќе инвестира 65 милиони евра (70,2 милиони долари) во отворање на нова фабрика во Северна Македонија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Seenews.com. Групацијата потпиша договор за реализација на инвестицијата со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони - владиното раководно тело одговорно за развој на слободните економски зони низ целата земја. Новата фабрика за производство на батерии ќе отвори 755 работни места, при што BMZ Group ќе разработува и произведува високотехнолошки батериски системи за низа примени, вклучително медицина.

  • 13 september 2023Тицијано Родолфо Розето е новиот извршен директор за Романија на компанијата за услуги за човечки ресурси Gi Group

    Тицијано Родолфо Розето, главен регионален директор за Источна Европа на водечката компанија во областа на човечки ресурси Gi Group Romania, ја презема функцијата извршен директор и управител на групацијата од 1 септември 2023 година, дозна BalkanEngineer.com од Romaniajournal.ro. Како таков, г-дин Розето го презема извршувањето на локалната стратегија, која вклучува склучувањето на стратешки партнерства, обезбедување на висококвалитетни услуги за партнерите, како и развој на портфолиото на услуги и клиенти. Г-дин Розето му се приклучи на тимот на Gi Group пред 22 години.

  • 11 september 2023Фикосата фууд со голема инвестиција во нова фабрика за производство на „Брускети Марети“ во близина на град Шумен, Бугарија

    Красен Ќурчиев, сопственик на бугарската компанија за производство на храна и хемикалии за домаќинство Фикосата, најави голема инвестиција вредна 30 милиони евра, благодарение на која ќе биде изградена нова фабрика на компанијата во град Шумен, Бугарија, се информира BalkanEngieer.com од Capital.bg. Новиот објект ќе биде специјализиран за производство на „Брускети Марети“ и се очекува да започне со работа во 2025 година. Ова ќе биде уште едно додадено претпријатие кон портфолиото на Фикосота фууд, при што инвестицијата доаѓа откако пред две години компанијата изгради специјализирана фабрика за производство на вафли под брендот „My Motto“.

  • 09 september 2023Индустриските површини во Софија, Бугарија во првата половина на 2023 година

    Индустриските и логистичките површини во Софија, Бугарија, се зголемени за 18.700 метри квадратни во првата половина од оваа година, соопштува Никола Белчев, консултант за индустриски и логистички услуги во Colliers - компанија за недвижности, во интервју за Bloombergtv.bg. И покрај тоа, во секторот се набљудува одредено забавување, што главно се должи на повисоките цени на градежните материјали, дозна уште BalkanEngineer.com. Освен Софија, силен развој на индустриските зони се забележува и во град Пловдив, каде врати отвораат голем број нови производствени претпријатија. Варна и Русе исто така се стремат да го достигнат овој развој.

  • 08 september 2023Минстрој Холдинг инвестира во технолошкото обновување на два рудници во Северна Македонија

    Во последните 7 години бугарската компанија Минстрој Холдинг отвори работни места за 1.500 луѓе во Северна Македонија и успешно обнови два рудника. Ова го дозна BalkanEngineer.com од 24chasa.bg. Преку својата подружница во Северна Македонија, Булмак 2016, Минстрој Холдинг е меѓу најголемите инвеститори во регионот. Во двата рудника под нејзина управа работат вкупно 850 рудари од Крива Паланка и Пробиштип, а вкупниот број на вработени, вклучително и во фирмите за логистика на производството, достигнува околу 1.500.

  • 04 september 2023Shell планира да инвестира во инфраструктура за добивање и преработка на нафта во Албанија

    Енергетскиот гигант Shell планира да инвестира вкупно 7 милијарди евра во изградба на инфраструктура за добивање и преработка на нафта во регионот на Шпираг во Албанија, се информира BalkanEngineer.com од Money.bg. На прес-конференција на оваа тема, премиерот на државата Еди Рама изјави дека прелиминарните анализи покажуваат дека нафтата пронајдена во областа Шпираг е со висок квалитет. Доколку се потврдат можностите за добивање, тоа би можело да ја промени енергетската карта на Западен Балкан. Според различни податоци, Албанија има докажани резерви на нафта меѓу 120 и 165 милиони барели.

  • 01 september 2023ЕБОР го поддржува македонското јавно претпријатие АД Електрани на Северна Македонија со 100 милиони евра

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија при што доделува 100 милиони евра на јавното претпријатие за електрична енергија АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Ова го дозна BalkanEngineer.com од ebrd.com. Итниот заем за ликвидност од ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи својата финансиска одржливост и да продолжи да ги обезбедува своите основни услуги. Приходите од заемот ќе бидат искористени за финансирање на увозот на електрична енергија на ЕСМ и за потребите од обртни средства.

  • 30 august 2023Францускиот оператор на опрема за обновлива енергија Voltalia отвори нова канцеларија во албанскиот главен град Тирана

    Францускиот оператор на електрани кои работат со извори на обновлива енергија Voltalia SA ја прошири својата мрежа на филијали со отворањето на нова канцеларија во Албанија, дозна BalkanEnigeer.com од Renewablesnow.com. Канцеларијата во главниот град Тирана ќе вработи 23 вработени, главно Албанци, а според компанијата, новиот објект со локално присуство ќе го поддржи нејзиниот понатамошен раст во балканската земја. Voltalia со седиште во Париз работи на албанскиот пазар од 2018 година, обезбедувајќи услуги за изградба на фотонапонски централи до „клуч на рака“ за трети земји