-
Alstom, светски лидер во паметната и одржлива мобилност, отвори Alstom Grivita Depot во Букурешт, Романија, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на компанијата. Објектот е прв од ваков вид во земјата и е наменет специјално за одржување и тестирање на електрични возови и локомотиви. Отворањето на депото се совпаѓа со прославата на 30-годишнината од активноста на Alstom во Романија. Депото Grivita сега веќе работи, при што првиот електричен воз (EMU) од нарачкани 37 возови за Управата за железничка реформа (ARF) моментално минува низ серија строги тестови.
-
Водечкиот турски производител на грејни елементи за апарати за домаќинство Sahterm Elektrikli Isiticilar San. ve Tic. A.S. има намера да ги прошири своите активности со значителна инвестиција во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Компанијата склучила зделка со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) на Северна Македонија за изградба на фабрика во вредност од 100 милиони евра во главниот град Скопје. Според условите на спогодбата, Sahterm ќе изнајми над 20.000 квадратни метри земјиште во растечката индустриска област Скопје 2.
-
Во стратешки потег за иднината на економијата на Албанија, општина Тирана и Министерството за економија, култура и иновации на земјата потпишаа спогодба за соработка за изградбата на Зоната за технолошки и економски развој (TEDA Tirana), лоцирана помеѓу Кашари и Вакари. Оваа информација BalkanEngineer.com ја дозна од БТА.
-
Германскиот производител на механички и електронски системи за заклучување за автомобили Huf официјално ја отвори својата нова лабораторија во Романија, која е дел од техничкиот центар (TCRL) во Темишвар, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Овој објект е трета локација на Huf во Романија и е најголемиот центар за тестирање и валидација во глобалната мрежа на компанијата. На отворањето на новата лабораторија присуствуваа голем број високи функционери од локалната и централната администрација, академски партнери и службеници на компанијата. Новиот објект на TCRL ќе ги опслужува сите пет компании на Huf во Европа - во Португалија, Шпанија, Полска, Германија и Романија.
-
Цетин Бугарија го најави стартот на проектот за оптичко поврзување „5G Balkans“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Амбициозната иницијатива има за цел да го трансформира поврзувањето долж прекуграничниот транспортен коридор меѓу Софија и Србија при што ќе обезбеди услови за имплементација на 5G технологии за поврзана и автоматизирана мобилност (CAM).
-
Втора година по ред, Limak Group, водечка компанија во областа на градежништвото, енергетиката и производството на цемент, ја штити каузата за родова еднаквост во областите на STEM преку својата иницијатива Global Engineer Girls (GEG), дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Иновативната програма уште еднаш додели стипендии на 20 исклучителни млади жени. Финансиската поддршка е наменета за студентки кои студираат електротехника, машинство, градежништво и компјутерски и информатички науки на државните универзитети во Северна Македонија.
-
E.ON Романија објави успешно завршување на тестот за мешање гас и водород во мрежата за пренос на гас во земјата и користење на смесата за потребите на домаќинствата, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreennews.com. Ова е прво слично искуство во земјава.
-
Србија отвори модерна топлана која работи на гориво од биомаса во источната општина Мајданпек, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Со инвестиција од 5,5 милиони евра, новоизградениот објект означува чекор кон транзицијата на земјата кон поодржлива енергетика, нудејќи еколошка алтернатива на традиционалното гориво.
-
Инвестицискиот фомд за клима (CIF) даде зелено светло за инвестиција од 85 милиони американски долари за Северна Македонија. Финансирањето е клучен момент за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на земјата, која е насочена кон укинување на употребата на јаглен до 2030 година во согласност со обврските на земјата според Париската спогодба, дозна BalkanEngineer.com од Ceenergynews.com.
-
Ussuri Capital, турска инвестициска фирма, планира да создаде авангардна нискојаглеродна фабрика за рамно валан челик во Романија, дозна BalkanEnigneer.com од gmk.center. Проектот, по целосна физибилити студија завршена во март, во моментот е во фаза на избор на локација.