Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

  • 14 january 2025Производствениот сектор во Србија забележа раст од 4,4% за 2024 година

    Индустриското производство во Србија забележува зголемување од 1,0 % на годишно ниво во ноември, дозна BalkanEngineer.com од податоци на српскиот Завод за статистика. Овој раст е значително поскромен во споредба со октомври, кога е забележано зголемување од 8,1%. Рударската индустрија придонесе најмногу за растот, при што нејзиното производството е зголемено со 4,8 % во однос на ноември минатата година. Производствениот сектор исто така бележи позитивни резултати со раст од 2,2%. И покрај тоа, гас и климатизација забележува опаѓање од 5,8%

  • 10 january 2025Србија потпиша договор за 720 милиони евра со PowerChina за изградба на метрото во Белград

    Србија направи уште еден чекор кон модернизацијата на транспортната инфраструктура на главниот град, потпишувајќи договор во вредност од 720 милиони евра со кинеската компанија PowerChina, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Спогодбата опфаќа проектирање и изградба на Етапа 2 од првата фаза од линија 1 на белградското метро, ​​како и купување на специјализирани машини за копање на тунели. Првата фаза од метрото е поделена во три етапи, при што договорот за Етапа 1 е потпишан во август.

  • 09 january 2025АВЕЕ инвестира во нова фабрика за автомобилски батерии во Северна Македонија

    Белгиската компанија Avesta Battery and Energy Engineering (ABEE) започна со изградба на фабрика за батериски системи за електрични автомобили во град Кичево, Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Во почетната фаза проектот предвидува инвестиција од 10 милиони евра и отворање на 200 работни места, при што плановите се вложените средства да достигнат 40 милиони евра и да се обезбедат 600 вработувања во следните фази. Завршувањето на фабриката АВЕЕ се очекува да биде во 2025 година.

  • 08 january 2025Албански железници објавија тендер за модернизација на клучна меѓународна железничка врска

    Државниот оператор „Албански железници“ стартува прелиминарен тендер за рехабилитација на 120-километарската железничка пруга што ги поврзува Воре во централна Албанија со Хани и Хотит на границата со Црна Гора. Проектот е проценет на 373 милиони евра и е финансиран преку кредити од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и со грант од Европската унија (ЕУ). Kрајниот рок за доставување на документите е 24 јануари 2025 година.

  • 06 january 2025OpenAI пушти нова претплата за ChatGPT наменета специјално за инженерски истражувања

    OpenAI ја стартува новата верзија на ChatGPT Pro со цена од 200 долари месечно, наменета за употреба во сферата на инженерството и истражувањето. Ова проширување на популарниот чет-бот е дел од напорите на компанијата да ги прошири индустриските примени на вештачката интелигенција и да ја забрза комерцијализацијата на технологијата што е во основата на глобалниот бум на вештачката интелигенција, дозна BalkanEngineer.com. ChatGPT Pro ќе понуди неограничен пристап до најновите алатки на OpenAI, вклучувајќи го новиот модел o1, o1 mini, GPT-4o и напредните говорни услуги.

  • 19 december 2024Rețele Electrice Romania го трансформира енергетскиот пазар со нова ИТ платформа за добавувачи

    Rețele Electrice Romania претстави нова и модерна ИТ платформа наменета да ги олесни снабдувачите со електрична енергија, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на компанијата за дистрибуција на електрична енергија. Платформата обезбедува ажурирани податоци за потрошувачката на клиентите, при што опфаќа 11 од регионите за кои е одговорна компанијата. Оваа иновација има за цел максимално да ги оптимизира работните процеси на добавувачите преку лесен и брз пристап до мерните податоци.

  • 17 december 2024Северна Македонија распиша тендер за изградба на 30 MW соларни електрани

    Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) распиша тендер за изградба на две нови фотонапонски централи со вкупен капацитет од 30 MW, дозна BalkanEngineer.com од официјално соопштение на компанијата. Проектот, објавен во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ќе ја вклучува изградбата на соларна централа Осломеј 2 од 10 MW во зоната на напуштен рудник за јаглен во комплексот РЕК Осломеј и централа од 20 MW. во близина на ТЕЦ Битола. Проектите ќе се финансираат со заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 25 милиони евра.

  • 13 december 2024Јапонската компанија Toyo Tire го преместува своето управување во Европа од Германија во Србија во 2025 година

    Јапонскиот производител на гуми Toyo Tire објави дека до крајот на 2025 година ќе ги префрли функциите на управување на својата европска централа во Германија кон нова подружница во Србија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Компанијата ќе основа Toyo Tire Sales and Marketing Europe во декември како дел од преструктуирањето на својот бизнис во Европа. Новата структура ќе започне со трговски операции во Европа од јануари, соопштија уште од Toyo Tire.

  • 10 december 2024Костал Македонија започна инвестициски циклус во вредност од 50 милиони евра, кој вклучува 250 нови вработувања

    Германскиот производител на автомобилски делови Костал го најави стартот на амбициозен инвестициски проект во Северна Македонија, кој ќе ги прошири производствените капацитети на компанијата во земјата и ќе создаде 250 нови работни места до 2028 година. Вкупно 50 милиони евра ќр бидат инвестирани во оваа нова фаза на раст, дозна Balkanengineer.com од изјава на Виктор Мизо, управен директор на Костал Македонија.

  • 06 december 2024Романија ќе произведува батерии со технологија на Lockheed Martin во нова фабрика за 50 милиони евра

    Во град Орадеа, Романија, ќе биде изградена фабрика за производство на батерии GridStar Flow со нулта јаглеродни емисии која ја користи иновативната технологија на Lockheed Martin, дозна BalkanEngineer.com од thediplomat.ro. Проектот е резултат на спогодбата меѓу американскиот гигант и романската компанија Sinteza, потпишана во присуството на министерот за енергетика на Романија, Себастијан Бурдуја и американскиот амбасадор во земјава. Фабриката, која ќе започне со работа во летото на 2026 година, ќе биде првата од ваков вид во Европа и најголемата во светот.