Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

  • 30 august 2024РАИС: TMX4000ST на TAKISAWA е решение со висока продуктивност за прецизна обработка на детали со должина до 1500 mm

    TMX4000ST е иновативна машина за повеќе задачи разработена од тимот на етаблираната јапонска компанија за производство на CNC машини за сечење метал TAKISAWA. Моделот комбинира функционалности, како на конвенционален дребонг, така и на центар за обработка. „TMX4000ST е машина со две вретена со голема моќност со високопрецизен вграден мотор во левото и десното вретено и ротирачка глава со навалување. Таа овозможува целосна обработка, вклучително и изработка на сложени облици како наклонети површини и дијагонални отвори без интервенција на оператор“, соопштија за BalkanEngineer.com од етаблираната бугарска производствена компанија РАИС, овластен претставник на TAKISAWA за Бугарија.

  • 30 august 2024Лазатек: Crittall Windows постигнува поздрава животна средина и заштеда на енергија со колектори на маслена магла на Filtermist

    Кога менаџментот на Crittall Windows одлучуваат дека на компанијата и се потребни ефикасни колектори на маслена магла како дел од иницијатива за модернизација на нивните производствени процеси, тие се свртуваат кон друг докажан производител од Велика Британија - Filtermist. „Една година откако беше направена првичната нарачка за 12 филтер модули Filtermist, директорот за производство на Crittall - Дарен Џојс - споделува зошто инвестирал во отстранување на маслената магла со овие решенија и како тоа влијаело на квалитетот на воздухот во фабриката“, раскажаа за BalkanEngineer.com од етаблираната фирма Лазатек, која нуди производи на Filtermist.

  • 26 august 2024Уредот за корекција на волумен на гас на Унисист Инженеринг помага за постигнување на прецизност во мерењата

    За обезбедување на точност, прецизност и веродостојност на мерењата во областа на здравствената заштита, како и оние кои се поврзани со заштитата на животната средина, јавната безбедност, трговските плаќања, како и државните и општинските побарувања, се врши метролошка контрола. Унисист Инженеринг е добро воспоставена европска производствена, инженеринг и трговска фирма, специјализирана имено во разработката на решенија за управување, автоматизација и мониторинг во областа на дистрибуцијата на гас.

  • 26 august 2024Хамстар Клининг: Микробиолошката проценка на системите за вентилација е многу важна за здрава средина на зградата

    Системите за вентилација се важен дел од инсталациите на зградите и имаат примарно значење за обезбедувањето на безбедна и здрава животна средина во зградите. Меѓутоа, со текот на времето, во нив се акумулираат разни загадувачи, вклучувајќи ги и микробиолошките. Затоа Hamster Cleaning - меѓународна компанија специјализирана за инспекцијата и чистењето на воздушни канали и одржувањето на комплетни системи за греење, вентилација и климатизација во згради од секаков тип и намена, во своите активности применува специјален метод за микробиолошка проценка.

  • 23 august 2024Smart Solar: Градиме голема фотонапонска електрична централа со над 43.000 соларни панели и капацитет од 24 MWp во град Абрантес

    Инженерсинг компанијата Smart Solar,, дел од бизнис групацијата Smart Energy, ги развива своите активности со забележливо темпо, потврдувајќи ги своите лидерски позиции во областа на соларната енергија во земјата и странство. Меѓу новите проекти на кои работат тимовите на компанијата се четири големи фотонапонски паркови во Португалија. Дел од нив е и копнената фотонапонска инсталација во град Абрантес, Португалија, со капацитет на произведена моќност од 24 MWp. Во моментов сите наши проекти во јужната европска земја се во фаза на изградба.

  • 22 august 2024Маккаб: Станиците за полнење дома Schneider Charge на Schneider Electric ја „поздравуваат“ паметната електромобилност

    „Новата серија подобрени станици за полнење на Schneider Electric – Schneider Charge, вклучува интелигентни и сигурни технички решенија за полнење на електрични возила. Тие обезбедуваат удобно полнење на електрично возило дома без тоа да го нарушува снабдувањето со електрична енергија дома. Станиците за полнење дома Schneider Charge се проектирани со помош на инсталатери за да гарантираат нивната лесна и брза монтажа - во рок од само неколку минути. Овие станици за полнење успешно „комуницираат“ со апликации на трети страни и обезбедуваат сигурно, без мака и безбедно доживување за корисникот“, информираа за BalkanEngineer.com од Маккаб.

  • 22 august 2024SpaceCAD: Системот FreeScan Trak Pro2 на Shining 3D е со динамично следење, без потреба од маркери при скенирање

    „Системот FreeScan Trak Pro2 за оптичко 3D мерење и динамично следење без маркери е нова разработка на нашите партнери од Shining 3D. Преносливиот оптички систем за мерење на координати се состои од три уреди, а имено: лента за следење FreeScan, пренослив скенер TE25 и опционална контактна сонда FreeProbe. Благодарение на 50 вкрстени ласерски линии на 3D скенерот TE25, се постигнува импресивна брзина на скенирање - 3.070.000 точки во секунда со минимално растојание меѓу нив до 0,01 mm. За дополнителна флексибилност при метролошките мерења, скенерот TE25 е проектиран со уште два режима на работа.

  • 21 august 2024Циркулационите пумпи s Magna3 на Grundfoѕ и помагаат на една голема данска банка да заштеди 60% од енергијата потребна за греење

    Jyske Bank е трета најголема финансиска институција на данскиот пазар, која покрај деловни успеси, го насочува своето внимание и кон енергетска ефикасност на зградите. Во 2015 година банката реновира дел од своето седиште во Силкеборг, Данска, а проектот вклучуваше и поставување на нови цевки за системот за греење, но не само. Беа испорачани и циркулациони пумпи од серијата Magna 3 на Grundfos, благодарение на што банката успеа да заштеди 60% од трошоците за енергија за греење. Преку проектот за реновирање на системот за греење во своето седиште, Jyske Bank ја намали годишната потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод диоксид“, објаснуваат од Grundfos.

  • 20 august 2024Започна приемот на апликации за третото издание на Наградите за одржлив развој на Schneider Electric

    Schneider Electric, глобален лидер во дигиталната трансформација на енергетското управување и автоматизацијата, го најави почетокот на апликациите за третото издание на своите Награди за влијанието врз одржливиот развој.. Создаден во 2022 година, престижниот конкурс служи како признание за иновациите и напорите на партнерскиот екосистем на Schneider Electric во изградбата на поодржлив и електрифициран свет. Агендата за 2024 година на Schneider Electric продолжува да го одразува интегрираниот пристап на компанијата кон одржливоста, акцентирајќи на декарбонизацијата преку електрификација, намалена потрошувачка и замена на ресурсите.

  • 19 august 2024Стивен Морис, генерален менаџер на EMEA во Rochester: Балканот се формира како сериозен играч во индустријата за полупроводници

    Дипломирал електротехника на Универзитетот Стратклајд во Глазгов, Шкотска, Стивен Морис го започнува својот професионален пат во редовите на еден од најголемите светски гиганти - Motorola. По виорот од бескрајни можности, успеси и предизвици, тој добива понуда да се приклучи на структурата на една од најголемите меѓународни компании за производство на полупроводници во светот - Rochester Electronics, во улога на генерален менаџер за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка. (ЕМЕА) – позиција што ја има и денес, 9 години подоцна. Што уште раскажува тој за развојот на балканските пазари, погледнете во ексклузивното интервју на BalkanEngineer.com.