Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

  • 17 september 2024SpaceCAD ќе ги демонстрира предностите на софтверските и 3D технологии за време на MachTech&InnoTech 2024

    Од 1 до 4 октомври годинава Интер Експо Центар - Софија (ИЕЦ), Бугарија, ќе стане интерактивна саемска платформа, која ќе го демонстрира напредокот во различни индустриски области. Меѓу излагачите ќе бидат и специјалистите од SpaceCAD - водечка трговска и инженеринг компанија во сферата на професионалните софтверски производи и 3D технологии. „Нашето учество во MachTech&InnoTech е традиција. За време на индустрискиот форум ја имаме можноста да се сретнеме со идни и сегашни партнери, да размениме искуства со колеги и да ги презентираме нашите активности. Со задоволство ќе ги пречекаме сите професионалци заинтересирани за иновации на нашиот штанд А2 во хала 2 и ќе одговориме на нивните прашања“, коментираа за BalkanEngineer.com од тимот на SpaceCAD.

  • 16 september 2024Машини од најнова генерација ги дочекуваат гостите на штандовите на РАИС на Machtech&Innotech Expo 2024

    Клучен фактор за успешен развој на производствената активност на секое претпријатие е интегрирањето на современа, високотехнолошка и ефикасна опрема. Едно од најголемите имиња на Балканот во производството на овој тип на индустриска опрема, докажана со својот висок квалитет и сигурност како на домашниот така и на меѓународните пазари, е фирма РАИС. Од 1 до 4 октомври 2024 година, компанијата ќе учествува на овогодинешното издание на водечкиот кај нас меѓународен саем за машини и технологии во обработката на метали, Machtech & Innotech Expo, Бугарија, во чии рамки на широката публика ќе ја претстави последната генерација на центри за обработка и иновативни дребонзи.

  • 14 september 2024Комбинацијата меѓу топлинска пумпа, фотонапонски систем и EnergyManager PV smart од Hoval ги намалува трошоците за енергија

    Топлинските пумпи ги претпочитаат се повеќе домаќинства бидејќи имаат потенцијал да обезбедат оптимална собна температура и топла вода за домаќинство (ТВД) со користење на бесплатна енергија од воздухот од околината, подземните води или земјата. На овој начин, системите со топлински пумпи го потврдуваат својот важен придонес во постепеното ограничување во користењето на фосилните горива и постигнувањето на целите во борбата против климатските промени. Меѓутоа, за да се трансформираат природните ресурси во енергија за греење и ладење, топлинската пумпа бара дополнителна електрична енергија.

  • 13 september 2024РС Електро: преносливиот трансформатор за прегорување на Baur помага да се лоцираат сложени дефекти

    И покрај непобитниот прогрес во електротехниката, сè уште во кабелските системи често се јавуваат дефекти поради различни причини. Освен обучен персонал, за отстранувањето на дефектите потребна е и високо ефикасна опрема. Во овој контекст, компанијата РС Електро го претставува ATG 6000 на Baur – трансформатор за прегорување за намалување на импедансата при кабелски дефекти во мрежи со низок и среден напон кои тешко се лоцираат. „ATG 6000 е уред со голема моќност, каде излезниот напон може да достигне и до 15 kV DC, а максималната потрошувачка моќност е 5,75 kVA“, посочија за BalkanEngineer.com од етаблираната компанија.

  • 12 september 2024Теси: Како луѓето и нивниот „мотор“ – спортот – даваат поинаков поглед кон силата и мотивацијата за развој

    Теси е една од водечките компании за производство на електрични бојлери и уреди за греење во Европа. Иновациите и стремежот за високи достигнувања отсекогаш биле дел од филозофијата на компанијата, но зад нејзиниот успех не стојат само технологиите и производите, туку и луѓето од нејзиниот тим. Нивните способности ги надминуваат нивните вештини да создаваат висококвалитетни електрични апарати. И бидејќи поминаа само неколку недели од последната Олимпијада, решивме да им обрнеме внимание на овие специјалисти од Теси кои се активни спортисти.

  • 10 september 2024ЛогиСофт реализираше голем проект за автоматизација за сите логистички хабови во Бугарија на курирската компанија Speedy

    Со долгогодишно искуство во автоматизацијата на системи за управување и магацинско работење во различни индустрии, ЛогиСофт обезбедува високо ефикасни решенија сообразени со специфичните барања на секој проект - од проектирањето до имплементацијата и одржувањето. Компанијата има реализирано многу успешно завршени големи и сложени за изведба проекти во сектори како што се производство на керамички керамиди, прехранбена индустрија, фармација, енергетика, опрема за подигнување и транспорт и многу други. Еден од најновите значајни проекти на компанијата е автоматизацијата на процесите во сите дистрибутивни центри на една од водечките курирски компании во Бугарија - Speedy.

  • 05 september 2024Стела Георгиева од GreMa 3D: ВИ не може да го замени човекот, нејзиното влијание врз висококвалификуваните професии е ограничено

    Сведоци сме на исклучиво длабокиот фокус на одржливоста што индустријата го става на себе денес. И клучна улога во тоа има адитивното производството. Затоа денешната гостинка во нашата рубрика „Ќе се промени ли пазарот на трудот под влијание на вештачката интелигенција“ е г-ѓа Стела Георгиева, која се занимава со маркетинг и продажба во GreMa 3D– докажана трговска и инженеринг компанија во сферата на 3D технологиите, која доставува иновативни технички решенија на балканските пазари. Г-ѓа Георгиева, дали развојот на вештачката интелигенција (ВИ) ќе доведе до нова индустриска револуција? Тоа е сосема можно. Во врска со тоа кога и како, останува отворено прашањето.

  • 04 september 2024Филкаб Солар: Во партнерство со SMA, влегуваме во иднината на пазарот на електрична енергија

    Освен проектирање и имплементација на фотонапонски инсталации, водечката инженеринг компанија Филкаб Солар нуди висококвалитетна опрема од докажани развојни и производствени фирми. „Генерирањето на електрична енергија од ОИЕ е чекор кон одржлива и еколошка иднина, затоа ние постојано ги усовршуваме нашите вештини и ги надградуваме нашите компетенции во областа на сончевата енергетика. Во основата на нашето партнерство со водечките европски производители на опрема се карактеристиките на нивните производи“, коментираа за BalkanEngineer.com од Филкаб Солар. Меѓу партнерите на компанијата е и SMA - компанија која поставува нови стандарди за обновливо, децентрализирано и дигитално напојување со електрична енергија.

  • 03 september 2024Смарт Солар Технолоџис планира да изгради голема фабрика за соларни панели и ќелии со инвестиција од над 7,5 милијарди денари

    Инженерсинг компанијата Smart Solar,, дел од бизнис групацијата Smart Energy, ги развива своите активности со забележливо темпо, потврдувајќи ги своите лидерски позиции во областа на соларната енергија во земјата и странство. Меѓу новите проекти на кои работат тимовите на компанијата се четири големи фотонапонски паркови во Португалија. „Дел од нив е и копнената фотонапонска инсталација во град Абрантес, Португалија, со капацитет на произведена моќност од 24 MWp. Во моментов сите наши проекти во јужната европска земја се во фаза на изградба. По завршувањето на фотонапонските инсталации ќе поминеме кон мониторинг и пуштање во употреба на фотонапонските централи (ФЕЦ)“, информираа од Smart Solar.

  • 03 september 2024Највисок степен на заштита во училиште со системот за безжичен аларм за пожар Natron од Телетек Електроникс

    Дали знаете дали во училиштето или градинката на вашето дете е инсталиран противпожарен систем? Добро е да прашате! Бидејќи изградбата на сигурна инсталација во образовните институции и потребата од зголемена заштита на адолесцентите, училишниот персонал и имотот е од најголема важност. На прагот на новата учебна година, заедно со специјалистите од водечката производствена компанија Телетек Електроникс, развивајќи и нудејќи современи решенија за противпожарен аларм, обрнуваме внимание на темата безбедност и сигурност во образовните институции. Според податоците од направените истражувања, значителен процент од градинките и училиштата во различни европски земји немаат инсталирано противпожарен систем.