Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

  • 06 march 2023Романија е на пат да стане првата земја со нуклеарна електрична централа SMR

    Според романската влада, земјата е на пат да стане првата земја со најновата, најбезбедната и најчистата нуклеарна технологија. Премиерот Николае-Јонел Чука се состана со претставници на корпорацијата Fluor со седиште во САД, најголемиот акционер на NuScale Power, развивач на технологија за мал модуларен реактор (SMR). Ова го дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Nuclearelectrica и NuScale заеднички разработуваат проект за првиот SMR во Европа на местото на поранешната термоелектрана во Doicești.

  • 01 march 2023Magna International гради втора фабрика во Северна Македонија

    Канадскиот производител на автомобилски системи, модули и компоненти Magna International планира да изгради втора фабрика во Северна Македонија за 40 милиони евра. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Magna International е една од најголемите компании за проектирањето и производството на автомобилски делови и системи во светот со повеќе од 65 години искуство во индустријата. Нејзината глобална мрежа вклучува 90 центри во 28 земји со повеќе од 160.000 вработени. Новиот објект во Северна Македонија ќе биде лоциран во Технолошко-индустриска развојна зона Штип и ќе започне со пробно производство уште оваа година.

  • 28 february 2023Aurubis инвестира 120 мил.евра во проширување на рафинеријата за катоден бакар

    Надзорниот одбор на Aurubis одобри инвестиција во висина на 120 милиони евра за проширување на рафинеријата за катоден бакар во фабриката на групацијата до Пирдоп и Златица, Бугарија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од BTA.bg. Проширувањето ќе му овозможи на Аурубис Бугарија да произведува околу 340.000 тони катоден бакар годишно, што одговара на зголемување од околу 50%. Очекуваниот годишен ефект врз оперативната добивка (EBITDA) е 30 милиони евра по пуштањето во употреба во втората половина на 2026 година. ва е важен чекор за зајакнување на основната дејност на Аурубис и е најголемата инвестиција во единичен проект во Бугарија после купувањето на фабриката во 2008 година.

  • 23 february 2023Кинеската компанија Punai ќе ја реновира поранешната фабрика за тули во Србија

    Кинеската компанија Punai која произведува огноотпорни материјали, го обновува еден од производствените објекти на Магнохром во Краљево, Србија. Ова го дозна BalkanEnggineer.com од Serbianmonitor.com. Претходно фабриката, изградена кон крајот на 1980-тите, произведуваше огноотпорни тули, но ги затвори вратите во 1990-тите. Таа беше продадена на Punai во 2021 година, а кинеската компанија веднаш започна со реконструкција на објектите и инсталирање на најсовремени машини и опрема.

  • 21 february 2023Компанијата за композитни материјали Ламинати Ком го прослави својот 20-годишен јубилеј

    Под мотото „20 години инженеринг во светот на композитите“, Ламинати Ком прослави значајна годишнина од своето постоење, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Во присуство на соработници, клиенти, претставници на универзитети и стопански комори од Северна Македонија беа прославени досегашните достигнувања на компанијата и беа доделени благодарници за соработка и признанија за специјални достигнувања на надворешни соработници и организации, како и на членови на тимот. Две децении по основањето, Ламинати Ком останува извозно ориентирана компанија за производство на композитни материјали, композитни елементи со машинска обработка, која реализира голем број сопствени технички решенија во повеќе од 30 земји во светот.

  • 16 february 2023Etampa отвора фабрика во Крушевац, Србија со вредност 2 милиони евра

    Швајцарската компанија за штанцување и фино бланкирање Etampa официјално отвори фабрика во Крушевац, источна Србија, дозна BalkanEngineer.bg од Serbianmonitor.com. Објектот ќе има годишен производствен капацитет од 280 милиони делови за автомобилска електроника, градежништво и медицинска технологија. Површината на новата фабрика е 7200 метри квадратни и моментално има 25 вработени, но се очекува бројот на персоналот да се зголеми до 60 лица до крајот на 2023 година. Etampa има фабрики во Илиноис, САД, Бланско, Чешка, а сега и во Крушевац. Во ноември 2021 година, кога локалната влада ја објави планираната изградба на фабриката, беше откриено дека инвестицијата ќе изнесува вкупно 2 милиони евра.

  • 14 february 2023Electrica го презема проектот за фотонапонски парк со моќност 12 MW

    Романската државна електродистрибутивна групација Electrica објави дека ја презела проектната компанија, која разработува фотонапонски парк со инсталирана моќност од 12 MW и 9,75 MW за испорака кон електричната мрежа. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Фотонапонскиот парк ќе биде лоциран во општина Вултуру, округ Вранча и е во фаза на „подготвен за изградба“, а Electrica им платила 0,6 милиони евра на своите разработувачи Влад-Михај Унгурјану и Тудор-Николае Унгурјану.

  • 09 february 2023Фармацевтската компанија Реплек од Северна Македонија инвестира во еколошки мерки

    По серија од реализирани активности и инвестиции, фармацевтската компанија Реплек од Северна Македонија доби комплексна еколошка дозвола „А“ од Министерството за животна средина и просторно планирање, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Овој документ е потврда за одговорно работење, континуирано следење и намалување на влијанието врз животната средина од страна на компанијата. За време на спроведувањето на неопходните чекори, кои се дел од условите за добивање на комплексна дозвола „А“, напорите на компанијата беа насочени кон: мерење на емисиите во воздухот, следење на квалитетот на отпадните води.

  • 07 february 2023Nokian започнува со работа на нова фабрика за гуми во вредност во западна Романија

    Финската групација Nokian Tires започна со работа на фабриката за автомобилски гуми што планира да ја изгради во Орадеја, западна Романија, дозна BalkaEngineer.com од Romania-insider.com. Инвестицијата е проценета на 650 милиони евра. Nokian Tires има намера да основа во Орадеја, округ Бихор, нова производствена единица за производство на автомобилски гуми во верзии за зима, лето и сите сезони. Новиот производствен објект ќе има планиран капацитет од 6 милиони парчиња годишно и ќе вклучува најсовремена технологија која ќе овозможи високо ниво на автоматизација и прецизност за минимизирање на дефектите и отпадот.

  • 02 february 2023ЕБОР ќе го помогне подобрувањето на инфраструктурата за цврст отпад

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува Северна Македонија во модернизацијата и проширувањето на системот за управување со цврст отпад. Ова го дозна BalkanEngnineer.com од Denar.mk. Банката обезбедува државен заем од 55 милиони евра со кој ќе се финансира изградбата на две нови регионални депонии, рехабилитацијата на една постојна депонија, како и нови станици за претоварување на цврст комунален отпад со соодветна инфраструктура за собирање и транспорт и центар за рециклирање. Ќе се затворат две диви депонии. Проектот ќе се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање на територијата на Северна Македонија.